мини|Тилеман во 2024 година. Кристијан Тилеман (роден на 1 април 1959 година) ― германски диригент. Моментално е главен диригент на Државна капела „Дрезден“ и назначен е за музички режисер на Берлинската државна опера (Staatsoper Unter den Linden).

Биографија и кариера Тилеман го имал своето деби во Соединетите Држави за време на сезоната 1991-1992 во новата продукција на Штраусовата Електра во Сан Франциско. Следеле ангажмани во Метрополитен операта во Њујорк. Во 1997 година, тој станал музички режисер на Германскта опера „Берлин“ (Deutsche Oper Berlin). Во извештајот од 2000 година се наведува дека Тилеман требало да ја напушти Германската опера во 2001 година поради уметнички судири со тогашниот уметнички директор Удо Цимерман. Тилеман останал таму до 2004 година, кога поднел оставка поради судири во врска со финансирањето на градот Берлин помеѓу Германскта опера и Берлинската државна опера.

Тилеман станал главен диригент и музички режисер на Минхенската филхармонија во септември 2004 година. Тој се повлекол од функцијата во Минхен во 2011 година, по споровите со раководството на оркестарот околу конечното одобрување на изборот на гости диригенти и програми за оркестарот.

Тилеман бил уметнички директор на Велигденскиот фестивал во Салцбург од 2013 до 2022 година. Во јануари 2023 година, Тилеман се вклучил како замена за диригент за итни случаи за Даниел Баренбојм.

Во 2003 година, Тилеман бил награден со Орден за заслуги на Сојузна Република Германија. Во октомври 2011 година, тој добил почесно членство на Кралската академија за музика во Лондон. Во 2015 година, Тилеман ја освоил Наградата „Ричард Вагнер“ на Лајпциг. Во 2019 година, тој го направил своето прво диригентско појавување на Новогодишниот концерт со Виенската филхармонија, и повторно го диригирал концертот во 2024 година.

Наводи

Надворешни врски

Кристијан Тилеман од KlassikAkzente Животопис на Кристијан Тилеман Интервју со Кристијан Тилеман, 12 март 1993 година „Кристијан Тилеман – моќта и политиката“ од Том Сервис, Гардијан, 15 октомври 2009 година „Цитати на Кристијан Тилеман“ од Џејмс Џоли, Кралската академија за музика, 14 октомври 2011 година „Поглед на диригентот“ , 21 јануари 2016 програма, Оксфордски универзитет

Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Музичари од Берлин Категорија:Германски машки диригенти Категорија:Германски диригенти од 21 век Категорија:Уметници на Deutsche Grammophon Категорија:Музички режисери (опера) Категорија:Офицери на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Дипломци на Универзитетот за музика „Ханс Ајслер“ Берлин Категорија:Германски машки музичари од 20 век Категорија:Германски машки музичари од 21 век