Љупчо Златев (р. , ) — македонски новинар, економист и сопственик на Радио лидер.

Животопис Љупчо Златев е роден во Кавадарци на 24 февруари 1992. Основно и средно електротехничко образование завршил во родниот град. Во Кембриџ, Обединетото Кралство, тој се стекнал со високо образование, со висок успех дипломирал во областа на бизнис менаџментот на Anglia Ruskin University. Тој е магистрант во областа на Политичката Економија на King's College London.

Златев, кариерата како новинар ја започнал во 2014 година, во Слободен печат, кај Бранко Героски. Одреден период работел во Капитал. Во 2015 година, се вработува во Сител-телевизија, каде останал до 2016 година, кога преминал во порталот Вечер. Од 2017 до 2018 година, работел за неделникот Република. Напоредно пишувал за словенечкиот неделник Демокрација и водел емисии на Радио Слободна Македонија. Помеѓу 2018 и 2020 работел како продуцент и автор на истражувачката емисија Блиц на ТВ Алфа.

Од 2018 година, Златев е сопственик и уредник во Радио Лидер, водител е на емисија "Експресо со Златев".

Златев е член на Здружението на новинари на Македонија и на Чатам Хаус, Кралскиот институт за надворешни работи во Велика Британија.

Надворешни врски lider.mk

Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски водители