Копач Дере (познато и како Копач Маала) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото било сместено во северното подножје на Богданската Планина, северозападно од гратчето Нигрита и околу 4 км западно од селото Копач, на надморска височина од 50 м.
Историја Во XIX век Копач Дере било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Копач Дере:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Копач Махала имало 110 жители Турци.
Во Првата балканска војна Копач Дере е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 133 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 148.
Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени малоазиски Грци со вкупно 48 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 година. Бидејќи немало поволни услови за живот и училиште, селото било напуштено и неговите жители се иселиле во други села.
Наводи
Категорија:Историски села во Визалтија