1506 Осветени се темелите на денешната базилика „Св. Петар“ во Рим. 1941 Втора светска војна: Со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. 1942 Втора светска војна: Американското воздухопловство првпат го бомбардира Токио. 1951 Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик. 1954 Гамал Абдел Насер станал премиер и воен управник на Египет. 1955 Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“. 1980 Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Ханан Банана. 1991 Со победата против „Барселона“ со резултат 70:65, југословенската екипа „Поп '84“ од Сплит по третпат едноподруго станала европски првак во кошарка. 1994 Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда. 1996 Република Македонија и Република Руанда воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 18 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 18 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.