Стара Гечерлија (или само Гечерлија) — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на поновото село Гечерлија.

Географија Селото се наоѓало во подножјето на Огражден, меѓу Чанаклија и Хамзали, на 3 км северно од денешното село Гечерлија (Нова Гечерлија).

Историја

Во Османлиското Царство Според Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев, кои се повикуваат на името на селото и неговото историско муслиманско население, селото Гечерлија настанало во османлиско време.

Во XIX век селото било чисто турско. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гучерља (Gutcherlya) е село со 15 домаќинства сочинети од 34 муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гечерли има 450 жители, сите Турци.

Во предвечерието на Балканските војни (1912 – 1913) селото имало околу 80 куќи и една џамија.

По избувнувањето на Првата балканска војна на 21 октомври 1912 г. селото е преземено од ВМОРО. За време на Балканските војни муслиманското население е иселено.

Во Бугарија и Југославија Во иселеното село се населиле Македонци христијани пребегани од Кукушко.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.

Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 г. селото станало дел од Царството Бугарија.

Новите жители на селото биле поделени на православни и католици унијати и имаат посебни свештеници. Православните биле побројни. Џамијата во селото е претворена во црква.

Со Нејскиот мировен договор од 27 ноември 1919 г. е решено селото да влезе во Кралството СХС, што се случило во 1920 г.

Според пописот од 1921 г. селото имало 43 домаќинства сочинети од 219 жители.

На почетокот на јануари 1924 г. во месноста Куковица (или Кукавица) на Огражден се одиграле битки помеѓу четници на ВМРО и српски сили. Според Јован Трифуноски од редовите на четниците загинале двајца селани. Според Димитар Галев од редовите на контрачетниците загинал Турчин од Нова Маала. По оваа борба селото е нападнато од властите. Разни жители на селото се убиени и тепани. Власта го пали селото и жителите останале без имот. Тогаш селото е иселено. Селаните се иселиле во градот или во други струмички села, а еден дел се преселиле во Бугарија.

Во 1935 г. во Струмичкото Поле е основано денешното истоимено село Гечерлија како населба на српски колонисти.

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Гечерлија