Црквата Успение на Богородица (,), едноставно позната како црква Коимиси или Света Марија е византиска православна христијанска црква во селото Лабове е Криќит, во областа Ѓирокастро, јужна Албанија.Veikou, 2012, p. 126 & 127: "at Koimissi in Labovo" Таа е еден од најрепрезентативните примероци на византиската архитектура во Албанија.

Историја Основањето на црквата датира од 6 век за време на владеењето на византискиот император Јустинијан I (527–565 н.е.). Јустинијан I ја подигнал црквата во спомен на својата мајка. Сегашната зграда датира од 10 век илиспоред друг извор13 век, за време на Епирското Деспотство.

Црквата задржала фрагмент од Чесниот крст поради донација на византискиот император. Според друга традиција, византискиот император ја подарил чудотворната икона на Богородица, позната како Лабовица.Eade, Katić, 2014, p. 104 До 1967 година била аџилак за околните христијански заедници.Eade, Katić, 2014, p. 105 Секоја година на денот на Успение на Богородица, поворка со фрагментот од светиот крст, и Лабовица иконата се одржувал до соседните села. Во 1967 година, верските активности биле забранети со атеистичката политика на Народна Социјалистичка Република Албанија. Голем број иницијативи за заживување на ваквите свечености имале ограничени резултати.Eade, Katić, 2014, p. 117: " ...kept in labova's church, to a number of local villages – a tradition that is said to have persisted until 1967. However, the church's feast day and pilgrimage is nowadays but a shadow of its past." Реликвијата била изгубена во 1989 година. Според тврдењата во албанскиот печат, го украла ќерката на Енвер Хоџа, поранешен водач на Народна Република Албанија.

Црквата била прогласена за споменик на културата на Албанија. Денес се смета за еден од најзначајните примероци на византиската архитектура во Албанија.

Архитектура Црквата споделува голем број типични карактеристики на византиската архитектура од 9 до 11 век. Преку троен премин (трибилон) се обезбедува поврзување на централната патека со помошните патеки како и на припратата.

Неколку архитектонски елементи пронајдени на надворешноста на објектот, како што се куполата, прозорците и комбинацијата од тули и камени работи, се под влијание на современите византиски цркви во западна Македонија. Куполата од 10 век е најстариот примерок на кружна купола пронајдена во регионот на Епир, веројатно еволуција на постариот октагонален стил. Моделот на рибната коска на надворешноста се наоѓа и во голем број современи црковни градби во Епир, западна Македонија и Лаконија, во Грција, иако воопшто не е вообичаена карактеристика во византиската архитектура.Veikou, 2012, p. 127: The fishbone pattern, although not very common during the middle Byzantine period, is also found in buildings throughout Epirus, Western Greek Macedonia and Lakonia.

Поврзано

Православна автокефална црква на Албанија

Наводи

Литература

Категорија:Цркви од 13 век Категорија:Цркви од 10 век Категорија:Православни цркви во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците