Аксел Витсел (Axel Witsel; роден на 12 јануари 1989 година, во Лиеж) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Жирона и на белгиската репрезентација.

Биографија Роден е во Лиеж, од татко по потекло од Мартиник и мајка белгијка. Неговиот татко Тјери е фудбалски тренер и поранешен фудбалер.

Во јуни 2015 година, Витсел се оженил со својата долгогодишна девојка Рафаела Сабо со која има три деца.

Технички карактеристики Како играч со добра техника и визија за играта, неговата природна улога е централен играч за врска, но бидејќи е многу флексибилен, тој може да ја покрие и улогата на медијано, десно крило и офанзивен играч за врска. Поради неговата извонредна физичка подготвеност, но и неговата работа со топката, тој многу потсетува на Патрик Виера. На залезот од кариерата, со неговото доаѓање во Атлетико Мадрид, заради споменатите карактеристики тренерот Симеоне измислил нова успешна улога за него, имплементирајќи го во одбраната како централен дефанзивец.

Клупска кариера Почетоци Своите први фудбалски чекори ги направил во клубот Визе од Лиеж, каде останал до 2004 година, кога на петнаесетгодишна возраст, бил прифатен во академијата на . Во 2004 година тој играл за Стандард на меѓународен турнир во Украина и бил избран за најдобар играч на натпреварувањето.

Стандард Лиеж На 17 септември 2006 година, на возраст од само 17 години, Витсел го направил своето деби за првиот тим на Стандард во натпреварот од белгиското првенствo против Брисел, заменувајќи го Стивен Дефур во 89-тата минута. Единаесет дена подоцна, тој дебитирал во европските натпреварувања, повторно влегувајќи како резерва во натпреварот против во Купот на УЕФА. Тренерот Мишел Прјудом, исто така, му укажал доверба и во остатокот од сезоната, а на 18 март тинејџерот го постигнал својот прв гол во кариерата во победата од 3-2 на гости против Руселаре.

Следната сезона, со 33 настапи и 7 гола тој бил клучна фигура во тимот на Стандард, кој станал шампион на Белгија на крајот на сезоната. Иако имал само 18 години, тој се наметнал во почетниот состав формирајќи успешно трио на средината заедно со други двајца млади белгиски играчи Стивен Дефур и Маруан Фелаини. Последователно, бил избран и за Најдобар играч во Белгија. Во сезоната 2008-2009, Витсел го постигнал решавачкиот гол од пенал, во баражот за титулата против , со кој на Стандард му носи нова шампионска титула.

На 30 август 2009 година, за време на првенствениот натпревар повторно против , пробувајќи да стигне до топката Витсел извршил груб прекршок згазнувајќи врз ногата на полскиот играч Марчин Василевски, предизвикувајќи му двојна фрактура на тибијата и фибулата. По инцидентот, Витсел протестирал поради црвениот картон, тврдејќи дека тоа било несреќен случај без намера, пред да биде исфрлен од теренот. Подоцна тој се извинил, но бил предмет на критики од неколку медиуми и бројни смртни закани од гневните навивачи на Андерлехт и Полска. Белгиската фудбалска федерација првично го суспендирала Витсел на 10 натпревари, за потоа по жалбата да биде намалена на 8, додека паричната казна била смалена од 2500 на 250 евра.

Во својата последна година во клубот, Витсел помогнал за освојувањето на Купот на Белгија, заработен со победата од 2-0 над Вестерло во финалето.

Бенфика На 13 јули 2011 година, Витсел се преселил во португалската Бенфика која за него платила 13,5 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор. Дебитирал во португалското првенство на 12 август, во ремито 2-2 на домашен терен против Жил Висенте, додека на своето деби со клубот во Лигата на шампионите, Витсел постигнал два гола против Твенте во плејоф рундата од квалификациите. На 9 јануари, го отворил резултатот во победата со 4-1 против Виторија Гимараеш. Неколку дена подоцна, тој му асистирал за гол на Нолито против Виторија Сетубал во уште една победа од 4-1. На 18 јануари 2012, постигнал гол против Санта Клара во победата со 2-0 со која бил потврден пласманот во полуфиналето на Лига купот на Португалија. Бенфика стигнала до финалето на натпреварувањето, каде на 14 април го победиле Жил Висенте со 2-1, успех за кој Витсел дал важен придонес и бил прогласен за играч на натпреварот.

Зенит Откако го започна првенството со Бенфика, играјќи три натпревари, на 3 септември 2012 година, рускиот шампион Зенит ја платил ослободителната клаузула во неговиот договор од 40 милиони евра, со што го довел Витсел во својте редови.Ето я и следващата трансферна бомба на Зенит ; Sportal, 3 септември 2012 На 14 септември 2012 година, Витсел го направил своето деби за Зенит, заменувајќи го Константин Зирјанов во 70-тата минута од домашниот натпревар против Терек Грозни.

Своите први голови Зенит, ги постигнал на 30 ноември 2012, кога два пати ја погодил мрежата на Спартак Москва во победата со 4-2 на Лужники. Во првата сезона во Русија, под водството на италијанскиот тренер Лучано Спалети, Витсел излегол на теренот 19 пати во руското првенство и постигнал 4 гола, а играл уште и на три натпревари во купот, без да постигне гол; покрај тоа, тој бил стандарден и во натпреварите на Зенит во европските натпреварувања каде се појавил во 9 од 10 натпревари на руската екипа, најпрво во Лигата на шампионите, а потоа - откако не успеале да ја минат групната фаза на елитното натпреварување - и во УЕФА Лига Европа каде биле елиминирани во осминафиналето од швајцарскиот Базел и ниту голот на Витсел во реваншот не бил доволен (вкупен резултат 1-2).

Во сезоната 2014-2015, во која Зенит ја освоил титулата во руското првенство под водството на Андре Виљаш Боаш, Витсел одиграл 28 натпревари и постигнал 4 гола. Исто така, на 16 септември 2014, Витсел го постигнал својот прв гол за Зенит во Лигата на шампионите во победата со 2-0 во Лисабон против неговиот поранешен клуб Бенфика. Сепак, откако Зенит уште еднаш не успеал да се пласира за нокаут-фазата и морал да го продолжи својот пат во европските натпреварувања во Лига Европа, таму Витсел постигнал гол во осминафиналето во победата со 2-0 над на 12 март 2015.

На 12 јули 2015, Зенит го освоил Суперкупот на Русија, совладувајќи ја екипата на Локомотив Москва по изведување на пенали, а Витсел бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. На 29 октомври 2015, тој постигнал два гола во победата со 5-0 на домашен терен над Тосно во осминафиналето на Купот на Русија; подоцна Зенит го освоил натпреварувањето победувајќи ги Амкар Перм по изведување на пенали во полуфиналето, каде Витсел уште еднаш бил еден од прецизните изведувачи, и ЦСКА Москва во финалето со 4-1, во кое Витсел играл до 82-рата минута.

Откако одиграл вкупно 23 натпревари за Зенит во првиот дел од сезоната 2016-2017, Витсел го напуштил клубот после 4 ипол години.

Тјанџин Кванџијан И покрај понудите од голем број клубови од Европа, на 3 јануари 2017 година, Витсел ја прифатил понудата на кинескиот Тјанџин Кваннџијан, поднебје кое во тој период било популарно и примамливо за голем број европски фудбалски ѕвезди поради богатите економски понуди за играчите. Дебитирал на 4 март, во поразот со 2-0 од Гвангжу Р&Ф. Една недела подоцна, тој го постигнал првиот гол за клубот во Суперлигата на Кина за време на ремито 1–1 со Шангај Шенхуа. Првата сезона во кинескиот фудбал, Витсел ја завршил со 27 настапи и 4 гола, помагајќи му на клубот да го освои третото место на крајот од сезоната и да се квалификува за Азиската Лига на шампиони, иако штотуку изборил промоција во Суперлигата на Кина.

Борусија Дортмунд

На 6 август 2018 година, Витсел се вратил во Европа, потпишувајќи четригодишен договор со германскиот клуб член на Бундеслигата, Борусија Дортмунд. На 21 август, за време на своето деби за милионерите, појавувајќи се од клупата тој го постигнал израмнувачкиот гол во судиското надополнување за да го израмни резултатот на 1–1, во натпреварот од првото коло на Купот на Германија против Гројтер Фирт, а подоцна неговиот тим продолжил понатаму славејќи победа по продолженија со 2-1. Слично како и во купот, Витсел постигнал гол и на своето деби во Бундеслигата, погодувајќи со удар со глава во победата од 4-1 над РБ Лајпциг на 26 август. Првата сезона со Борусија ја завршил со 43 настапи и 6 голови.

На 3 август 2019 година, Витсел го освоил својот прв трофеј во жолто-црниот дрес, Суперкупот на Германија, победувајќи го Бајерн Минхен со 2-0.

На 12 декември 2020, Витсел го одиграл 100-тиот натпревар за Борусија, во поразот на домашен терен со 1-5 од Штутгарт. На 9 јануари 2021, за време на натпреварот против Лајпциг, тој претрпел повреда на ахиловата тетива поради која морал да го пропушти остатокот од сезоната. Истата сезона, Борусија Дортмунд го освоила Купот на Геманија, но Витсел ги пропуштил повеќето од натпреварите на патот на неговата екипа до тој успех, вклучително и финалето, поради споменатата повреда.

За црно-жолтите одиграл вкупно 145 натпревари и постигнал 13 голови.

Атлетико Мадрид На 7 јули 2022 година, Витсел потпишал едногодишен договор со Атлетико Мадрид, преку слободен трансфер по истекот на неговиот договор со Борусија Дортмунд.

Репрезентативна кариера Пред да го направи своето деби за сениорската репрезентација, Витсел играл за селекцијата под 21 година во 2007 година; забележал девет настапи, и помагнал репрезентацијата да стигне до полуфиналето на Европското првенство 2007.

На 26 март 2008 година, Витсел го направил своето за сениорите играјќи во пријателскиот натпревар на Белгија против Мароко. Натпреварот завршил со пораз на неговата земја од 1–4, но единствениот гол за Белгија го постигнал токму Витсел.

Својот прв гол во официјален натпревар, Витсел го постигнал ден пред да бидат навршени три години од неговиот гол против Мароко, погодувајќи ја мрежата на Австрија во шесттата минута од натпреварот во Виена oд квалификациската група А во квалификациите за Европското првенство 2012; во второто полувреме, тој постигнал уште еден гол поставувајќи го конечниот резултат 2-0 за Белгија. Сепак, белгиските надежи за пласман на завршниот турнир, згаснале на 11 октомври 2011 година; нивниот пораз во последното коло од Германија во комбинација со победата на Турција значеле дека двете споменати репрезентации ги окупирале првите две места во групата, единствени кои давале право на учество на првенството, директно и преку баражот.

Откако играл во сите 10 натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, кој Белгија успешно ги завршила освојувајќи го првото место во групата А пред и , Витсел се нашол на списокот на селекторот Марк Вилмотс од 23 играчи повикани да отпатуваат на завршниот турнир во Бразил. Своето мундијалско деби го направил на 17 јуни 2014, играјќи го целиот натпревар од групната фаза против во Бело Хоризонте, кој белгијците го добиле со 2-1 со пресврт во второто полувреме. Откако Белгија ја минала групната фаза, Витсел играл и во другите два натпревари на неговата земја: во осминафиналната победа по продолженија над , како и во четвртфиналето против , во кое поразот од 1-0 означил крај за патот на Белгија на бразилската мундијалска авантура.

Две години подоцна, Витсел се нашол на списокот повикани играчи и за Европското првенство 2016 во Франција. Тој ги одиграл сите пет натпревари на репрезентацијата, на патот до новото четвртфинале, во кое овојпат Red Devils изненадувачки биле сопрени од репрезентацијата на , која била подобра со 3-1. За време на турнирот, Витсел постигнал и еден гол, при победата со 3-0 над Ирска во групната фаза.

Витсел постигнал два гола во квалификациите за Светското првенство 2018, двата во убедливите победи над , а потоа бил повикан од новиот селектор Роберто Мартинес за мундијалот во Русија. Таму одиграл комплетно шест од седумтте натпревари на Белгија (не настапил само во последниот натпревар од групата против , пред кој Белгија веќе го осигурала пласамнот во следната рунда), давајќи голем придонес за освојувањето на третото место на првенството, најдобриот резултат на Red Devils во историјата на репрезентацијата.