Данго Абубакар Фаисал Уатара (роден на 11 февруари 2002, во Уагадугу) — фудбалер од Буркина Фасо, крило или напаѓач на Брентфорд и на репрезентацијата на Буркина Фасо.

Клупска кариера Лорјан Уатара ја започнал својата кариера во својата родна Буркина Фасо како младински производ на екипата Маџестик, пред да потпише за францускиот Лорјан во 2020 година.

Откако најпрво настапувал за вториот тим на Лорјан во четвртото ниво на францускиот фудбал, своето деби за првиот тим го направил на почетокот на сезоната 2021-2022, појавувајќи се како доцна замена во судиското надополнување од натпреварот Сент Етјен-Лорјан (1-1) во рамките на првото коло на Лига 1, одигран на 8 август 2021. Својот прв гол за Лорјан го постигнал во победата со 1-0 на домашен терен над Мец на 20 април 2022. Тоа бил неговиот единствен погодок за Лорјан во 26 настапи во неговата прва сезона со првиот тим на Лорјан.

Борнмут На 19 јануари 2023 година, Уатара се преселил во англискиот клуб Борнмут, со кој потпишал договор до 2028 година. Дебитирал во Премиер лигата на 21 јануари, во натпреварот на домашен терен против Нотингем Форест што завршил без победник 1-1. Својот прв гол за „црешите“ го постигнал на 15 април, и тоа победничкиот во 95-тата минута при успехот со 3–2 на гостувањето против Тотенхем.

На 25 јануари 2025, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–0 над во Премиер лигата.

Брентфорд На 16 август 2025 година, Уатара потпишал петгодишен договор со Брентфорд, за клупски рекорд од 42 милиони фунти.

Репрезентативна кариера Уатара дебитирал за репрезентацијата на Буркина Фасо на 30 декември 2021, во пријателски натпревар против во склоп на подготовките за Африканскиот куп на нации 2021 кој се одржал во Камерун во јануари 2022 година. Откако бил повикан да ја претставува својата земја на споменатиот турнир, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 1-0 во четвртфиналето против Тунис; неговиот погодок бил одлучувачки за пласманот на Буркина Фасо во полуфиналето, но во 82-рата минута од четвртфиналето тој добил директен црвен картон поради кој бил суспендиран за натпреварот од полуфиналето против . Без Уатара Буркина Фасо го загубиле тој натпревар, како и натпреварот за третото место.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 20 јануари 2023.

+ Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2021-2022 Лорјан 2НПФ51 - - - - - -51 2021-2022 Л1 25 1 КФ 1 0 - - - - 26 1 2022-јан. 2023 Л1 18 6 КФ 0 0 - - - - 18 6Вкупно Лорјан 43 7 1 0 - - - - 44 7 јан.-јун. 2023 ПЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 19 1 2023-2024 ПЛ 13 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 14 0Вкупно АФК Борнмут 32 1 1 0 - - - - 33 1Вкупно во кариерата 75 8 2 0 - - - - 77 8

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови2021102022115202372Вкупно197

Наводи

Надворешни врски Данго Уатара на soccerway Данго Уатара на transfermarkt Данго Уатара на espn Данго Уатара на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Буркина Фасо Категорија:Фудбалери на ФК Лорјан Категорија:Фудбалери на АФК Борнмут Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Родени во 2002 година