ФИАТ (италијански: Fabbrica Italiana Automobili di Torino, FIAT) — италијанско претпријатие за производство на автомобили и други комерцијални моторни возила. Од 2021 година, ФИАТ е подружница на Стелантис (Stellantis), а претходно претпријатието било дел од Фиат Крајслер Автомобили (Fiat Chrysler Automobiles). Во 2007 година, во рамките на реорганизацијата на работењето, ФИАТ го формирал претпријатието „Фиат автомобили“ задолжено за производство на автомобилите. мини|Логото на ФИАТ Историја Почетоците на ФИАТ датираат во 1899 година, кога бил произведен првиот автомобил, Фиат 4 ХП. Подоцна, ФИАТ произведувал и локомотиви (Alstom Ferroviaria), воени возила, воени авиони (Fiat Aviazione), трактори и оружје (на пример, Fiat–Revelli Modello 1914).
Производство Фиат е најголемиот производител на автомобили во Италија, а до големата автомобилска криза во доцните 1980-ти бил најголемиот европски и третиот најголем прозиводител во светот (зад Џенерал моторс и Форд). Во 2013 година, ФИАТ бил вториот најголем европски и седмиот најголем светски производител, мерено според бројот на произведените автомобили. Во 1970 година, ФИАТ имал над 100 000 вработени во Италија и тогаш го достигнал врвот во производството на автомобили (1,4 милиони во Италија). Во 2002 година, италијанското производство на ФИАТ изнесувало над еден милион автомобили (направени во шесте фабрики во Италија) и учествувало со над една третина од вкупниот приход на ФИАТ. Освен во Италија, автомобилите на ФИАТ се произведуваат и во неколку други земји, најмногу во Бразил, каде ФИАТ има најголемо пазарно учество. Исто така, ФИАТ има фабрики и во Аргентина, Полска и Мексико (каде автомобилите се прават во фабриките на Stellantis North America), а покрај тоа, повеќе производители во други земји прават автомобили по лиценца на ФИАТ. За своите модели, ФИАТ има освоено бројни меѓународни награди, како девет награди „Европски автомобил на годината“ (повеќе од кој и да било друг производител), како и повеќе награди за автомобили со најниско ниво на емисија на јаглерод диоксид.
Галерија
Наводи
Категорија:Италијански претпријатија Категорија:Италијански автопроизводители