1521 На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година. 1810 Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“. 1905 Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. 1960 Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. 1961 Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. 1992 По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија. 1993 Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. 1993 Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. 27 април
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 27 април (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.