Затворо (, подоцна Βάλτος, Валтос) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија.

Географија Селото било сместено во областа Урумлак југоисточно од паланката Гида, на 2 км западно од Клиди и на 2 км југозападно од Јунчии. Лежело на левиот брег на реката на Колудеј.

Историја Во XIX век Затворо било грчки чифлик во Солунската Каза, сопственост на Авзи-бег од Клиди. Селото било на северозападната граница на гркојазичната област Урумлак, вон физичките граници на областа (реката Колудеј). Следното село на североисток е македонското Јунчии. Да 1880 г. тука минувал ракав на Вардар.

Селото било дел од Камбаниската епископија на Солунската митрополија. На крајот од XIX век грчки учители во Затворо биле браќата Константинос и Стефанос Вафидис.

Според извештај на на Димитриос Сарос од 1906 г. Затворо е село во Камбаниската епископија со 15 „гркојазични“ семејства (според грчки податоци), дојдени од Корифи, Клиди, Чинар Фурнуси Либаново, вкупно 75 жители. Селото било чифлик на Авџи-бег, но бргу е напуштено.

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. е припоено кон Грција. Во меѓувоениот период Затворо е напуштено.

Наводи

Категорија:Историски села во Делта