Јалиџик (, Филиро; до 1926 г. Γιαλιτζίκ/Γιαλιτζήκ, Јалиѕик) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.531 жител (2021).

Географија Селото се наоѓа во северниот дел на планината Хортач, на 4 км источно од солунската населба Лембед и на 5,5 км североисточно од Кара Усеин. На 2 км северно од селото, на Хортач е сместен големиот старостилен манастир „Св. Рафаил и Св. Троица“.

Историја Во XIX век Јалиџик било турско село во Солунската Каза. Според Боривое Милоевиќ, пред војните селото имало 100 турски куќи. Во текот на војните населението го напуштило селото. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1914 г. во Јалиџик се доселиле три големи рода од Понт и Кавказ, но претежно од покраината Карс. Доселувањето продолжило и понатаму. Во 1920 г. селото имало 361 жител. Во 1928 г. селото е преименувано во Филирос или Филиро. Во 1928 г. тоа е заведено како дојденско село со 97 дојденски семејства сочинети од 365 лица.

Во 1981–1993 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.

Население

Наводи

Категорија:Капуџилар-Хортач