Арсакли (, до 1928 Αρσακλή, Арсакли) — предградие на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија. Во 2021 г. населението броело 17.679 жители.
Географија Населбата се наоѓа во југоисточниот дел на Солун, во западното подножје на планината Хортач. Позната е како едно од местата со најскапите недвижности во северниот дел на државата. Поврзана е со селото Хортач и предградието Пејзаново на север и со предградието Капуџилар на југ.
Историја Византиско време Во маалото Платанаќа се најдени остатоци од осум воденици од византиско време поставени на стрмниот терен кои придвижувале производствени погони.
Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Арсакли било турско село во Солунската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аксакли (Аксаклѫ) броело 205 жители, сите Турци.
Во Грција За време на Балканските војни населението се иселило од Арсакли, па затоа во 1913 г. се води како напуштено. Истата година влегло во составот на Грција. Според Боривое Милоевиќ, пред иселувањето Арсакли имало 15 турски куќи. Во 1914 г. во него се доселиле првите грчки колонисти, дојдени од Пига во Мала Азија. На пописот од 1920 г. евидентирани се 133 жители. Подоцна се доселени уште Грци, овојпат од Понт и Кавказ. Во 1928 г. е преименувано во Панорама поради убавата глетка кон Солун. Истата година е заведено како дојденско село со 155 семејства сочинети од 549 жители.
Во 1968 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“ која се градела уште од 1928 г. Во 1957 г. на извесно растојание северно од Арсакли е основан манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Значителниот пораст на населението се должи на приливот на жители во атарот на Арсакли во нови маала. Во 1961 г. тука никнале населбите Ампелон и Платанаќа кои набргу се споиле со селото и престанале да се водат како одделни.
Население
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Капуџилар-Хортач