Виолета Чакарова (р. , Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис Пред своето вработување во Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп како професионална глумица во 1984 година, таа работела две години како глумец-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ „Војдан Чернодрински“, таа ја добила наградата за млада глумица за своето остварување во претставата „Големиот брилијантен валцер“ во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрографија, истакнувачки се соработките во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во „Буре барут“ во режија на Наташа Поплавска, Бисера во „Духот на слободата“, Кате во „Разбуди се Кате“ (режисер Благоја Дамески), „Маките на Живоин“ во режија на Ацо Алексов, итн. Во 2026 година, таа се пензионирала во Театарот „Војдан Чернодрински“.
Филмографија Година Филм Улога 1988 Македонски народни приказни ТВ-серија 1988 Ел камино дел сур ТВ-филм 1991 Македонија може ТВ-серија 2009 Стапица ТВ-филм Жената 2010 Антица ТВ-филм Баба Анѓа 2013-2014 Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија Жената на бакалот 2014 Приказни од животот ТВ-серија Марта 2015 Цимери ТВ-серија Гоца 2015 Три во едно ТВ-филм Жената 2023-2024 Македонски стари приказни ТВ-серија Митра 2026 Каде одиш, Јан ТВ-филм Бабата 2027 Голиот рид ТВ-филм
Награди Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Љубица во претставата „Големиот брилијантен валцер“ (1990).
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Глумици од Прилеп Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци