мини|270x270пкс| Поле со црвена зелка помеѓу Фининген и Морслинген, Германија мини|270x270пкс| Црвена зелка Црвена зелка (виолетоволисни сорти на Brassica oleracea Capitata Group) — вид зелка. Името го добила според нејзините лисја што се со темноцрвена/виолетова боја. Меѓутоа, растението ја менува својата боја според pH-вредноста на почвата поради пигментот што припаѓа на антоцијаните. Во кисели почви, листовите се повеќе црвеникави, во неутрални почви се повеќе виолетови, додека во алкална почва лисјата се со прилично зеленикаво-жолта боја. Ова го објаснува фактот дека истото растение е познато по различни бои во различни области. Може да се најде во цела Европа, низ Америка, во Кина, а особено во Африка.
Сокот од црвена зелка може да се користи како домашен pH-показател, во кисели раствори поцрвенува, додека во базни раствори добива во и зелено/жолто боја. При готвење, црвената зелка станува сина. За да се задржи црвената боја на зелката неопходно е да се додаде оцет или кисело овошје во тенџерето во кое се подготвува.
За раст на црвената зелка и е потребна плодна почва и доволна влажност. Тоа е сезонско растение што се засејува во пролет, а се бере во доцна есен. Црвената зелка полесно се чува од нејзините „бели“ роднини и не треба од неа да се прави расол за да ја издржи зимата.
Состав
Исхрана
десно|мини| Спирален распоред на стебленцата од лисјата од зелка, напречен хоризонтален пресек Готвената црвена зелка содржи 91 % вода, 7 % јаглехидрати, 1 % белковини и содржи занемарливи масти (табела). Има висока содржина на витамин Ц и витамин К, ги содржи 44 % и 72 %, соодветно, од дневната вредност (ДВ) на 100 грама количина и е умерен извор на витамин Б6 (17 % ДВ) (табела).
Фитохемикалии Фитохемикалиите на црвената зелка вклучуваат сулфорафан и други глукозинолати.
Употреба
Кулинарство Црвената зелка често се користи за салати и зелкова салата. Овој зеленчук може да се јаде и варен. Традиционално е придружно јадење, сврзано со многу германски оброци, особено јадења со месо како зауербратен или донер. На Божиќ може да се зачини, да се вари и да се послужи како гарнир на сезонска печена гуска или мисирка. Честопати се додаваат јаболка за да се добие слатко-кисел вкус.
pH-показател лево|мини| Градиент на рН-показател на екстракт од црвена зелка од кисел раствор од лево до базичен раствор на десната страна Црвената зелка содржи боја заснована на антоцијан, која може да се користи како показател за pH-вредност. Има црвена, розова или магента боја во киселините (pH <7), виолетова во неутрални раствори (pH ≈7) и се движи од сина до зелена/жолта во алкалните раствори (pH > 7)."Red Cabbage Lab: Acids and Bases" (pdf)
Одгледување лево|мини| Насад со црвена зелка лево|мини| Пресек на црвена зелка Се препорачува да се започне со семе од црвена зелка во затворен простор четири недели пред последниот мраз. Се сее во садови што овозможуваат движење на водата по дното. Популарни садови за почеток на садници се саксии за тресет, кутии за јајца, фиоки за приклучоци или пакувања за млеко. Откако садниците ќе пораснат до околу 5 см и ќе ги развијат своите први лисја, можат да се пресадат надвор. Црвената зелка претпочита клими што остануваат влажни и ладни во поголемиот дел од фазата на растителен раст, така што може да се стави во земјата кратко време по последниот мраз додека пролетта е сè уште ладна. Садниците со зелка можат да се распоредат на растојание од околу 30 до 66 см една од друга. Им треба често наводнување, но инаку се растенија со ниска потреба од одржување.
Наводи
Надворешни врски
How to extract the dye
Категорија:Зелки Категорија:Лиснат зеленчук