Театар Комедија — македонска театарска установа која била основана во 2011 година, во Скопје, Македонија.
Историја Театар Конедија како национална установа бил основан во ноември 2011 година, а своето службено отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски, и тоа на светскиот ден на театарот - 27 март, во 2012 година. Од основањето па до 2014 година, пред да се всели во зградата во некогашниот Театар Центар, установата ја користела сцената на Драмски театар - Скопје.
Надворешни врски
Театар Комедија на YouTube Категорија:Театри во Скопје Категорија:Појавено во 2011 година во Македонија Категорија:Македонска комедија и хумор