Долна Лобаница — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на околу 5 км југозападно од поранешното село Лобаница и на 2 км источно од селото Трстеник преку границата со Албанија. Долна Лобаница било традиционално маало на костурското село Лобаница заедно со Горна Лобаница. Урнатините на селото се наоѓаат во непосредна близина на грчко-албанската граница и на албанска територија.
Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горна Лабаница имала 535, а Долна — 20 жители Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Лабаница е означено како чисто македонско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 5 куќи.
Селото Долна Лобаница е напуштено во немирното време по задушувањето на Илинденското востание во 1903 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур