Оскар Емануел Петерсон (англиски: Oscar Emmanuel Peterson; 15 август 1925 – 23 декември 2007) ― канадски џез-пијанист и композитор. Се смета за виртуоз и еден од најдобрите џез-пијанисти на сите времиња. Во текот на неговата богата кариера Петерсон објавил над 200 снимки, освоил осум Греми награди, награда за животно дело од Академијата за снимање и добил уште многу други награди и почести. Во својата 65-годишна кариера свирел на илјадници концерти. Дјук Елингтон го нарекол „Махараџа на клавијатурите“.

Животопис Петерсон е роден во Монтреал, Квебек; неговите родители по потекло биле од Западни Инди (Свети Кристофер и Невис и Британски Девствени Острови ). Петерсон детството го поминал во населбата Мала Бургундија во Монтреал. Токму во ова претежно црнечко маало се запознал со џез културата. На петгодишна возраст, Петерсон почнал да ги усовршува своите вештини на труба и пијано, но по нападот на туберкулоза на негови седум години бил спречен да свири на труба, па целото свое внимание го насочил кон пијаното. Неговиот татко бил еден од неговите први учители по музика, а неговата сестра Дејзи го учела класично пијано. Петерсон упорно вежбал скали и класични етиди.

Во 1940 година, по победата на националниот музички натпревар организиран од Канадската радиодифузна корпорација се откажал од средното училиштеMaynard Ferguson (obituary) dated August 26, 2006, at The Daily Telegraph online, accessed December 30, 2017 и станал професионален пијанист. Свирел по хотели и музички сали, а добил и своја неделна радио-емисија. Во 1944 година станал член на оркестарот од Џони Холмс, каде научил да компонира и аранжира. Три години подоцна го формира своето прво трио со Берт Браун (бас) и Френк Гарипи (тапани), чии настапи во салата Алберта во Монтреал редовно се емитувале на локална радио станица. Норман Гранц го забележал во 1949 година и го претставил како изненадувачки гостин во Карнеги Хол во Њујорк како дел од неговата турнеја Џез на Филхармонија. Две години заедно ги обиколиле американските концертни сали.Тој останал менаџер на Петерсон во поголемиот дел од неговата кариера.

Во 1952 година, Петерсон формирал ново трио со басистот Реј Браун и гитаристот Барни Кесел, кој бил заменет со Херб Елис една година подоцна. Тие станале квартет откако им се приклучил тапанарот Џеј Си Херд. Тие го придружувале Лестер Јанг (Лестер Јанг со триото Оскар Петерсон ). По заминувањето на Елис во 1958 година, Петерсон во неговото трио го вратил тапанарот Ед Тигпен; триото останало во овој состав до 1965 година. Браун и Тигпен работеле со Петерсон на неговите албуми Night Train и Canadiana Suite. До денес, овие две триа се меѓу најуспешните во историјата на џезот.

Од средината на 1950-тите снимиле многу композиции и концерти со сите познати џез-великани како: Ела Фицџералд, Били Холидеј, Кармен Мекреј, Луис Армстронг, Лестер Јанг, Каунт Бејси, Чарли Паркер, Квинси Џонс, Дизи Гилеспи, Рој Елдриџ, Кларк Тери и многу други. Кон крајот на 1960-тите, Петерсон започнал своја соло кариера, а објавените композиции се меѓу неговите најголеми успеси.

Кон средината на 1970-тите, Реј Браун го напуштил триото и бил заменет од данскиот басист Нилс-Хенинг Орстед Педерсен (но и Дејв Јанг). Нивниот албум The Trio, во 1974 година освоил Греми за најдобра џез-изведба на група. Во 1978 година Петерсон бил еден од двајцата уметници кои биле примени во новооснованата Канадска музичка куќа на славата. Поради неговата популарност, Петерсон добил свое телевизиско шоу во 1980-тите, во кое одржал бројни џем-сесии со познати џез-музичари.

Севкупно, неговата слава се одразува во седумте Греми награди кои ги добил од 1975 до 1991 година. Во 1993 година ја добил наградата Глен Гулд, а во 1999 година наградата Praemium Imperiale од Јапонското уметничко здружение за целокупното негово творештво.Оскар Петерсон продуцирал над 100 музички албуми.

За време на настапот во њујоршкиот Blue Note Club во 1993 година, Петерсон доживеал мозочен удар. Во следните неколку години доволно закрепнал за да може да одржува концерти со една рака. Во 1995 година снимил албум со неговите колеги Бени Картер и Кларк Тери (The More I See You), а следната година снимил уште еден албум со музичари од поновата генерација Рој Харгроув и Ралф Мур. Во 1997 година добил Греми награда за животно дело и награда од Меѓународната џез-куќа на славата.

Оскар Петерсон четирипати се женел. Имал седум деца со три од неговите сопруги. Починал на 23 декември 2007 година од откажување на бубрезите во неговиот дом во Мисисага, Онтарио. Наводи

Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Починати во 2007 година Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Џез-композитори Категорија:Џез-пијанисти Категорија:Канадски композитори Категорија:Канадски музичари Категорија:Канадски пијанисти Категорија:Луѓе од Монтреал Категорија:Матични мрежни места што не е исти на Википодатоците и на Википедија