Ветерник, Вртеник или Вретеник (, Ветернико, или Βετεάρνικ, Ветеарник, или Βετέρνικ, Ветерник; ) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, на левиот брег на реката Бистрица (Белица). Јужно од селото е тесната клисура Катафики, низ која реката се спушта од котлината на Грамошта во онаа на Загар.
Историја Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
На крајот од XIX век Ветерник било влашко село во Костурската Каза. За време на Илинденското востание во селото влегла четата на Коста Здрољов од Д’мбени, дел од големата чета на Васил Чакаларов, и се борела со башибозукот. Македонската чета го изгорела селото.
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција.
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам