Потсетник за таблети е секој уред што може да ги потсетува корисниците да ги земаат лековите. Традиционалните потсетници за апчиња се контејнери за таблети со прикачени електрични тајмери, кои може претходно да се постават во одредени периоди од денот за да се вклучи алармот. Пософистицираните потсетници за таблети исто така можат да детектираат кога се отворени, и затоа кога корисникот е отсутен во времето кога требало да ги земе лековите, ќе биде потсетен за тоа кога ќе се врати. Овој потсетник може да биде изработен и во форма на светло, што им помага и на глуви или лицата со оштетен слух.

Понов тип на потсетник за таблети е мобилна апликација која го потсетува сопственикот да го земе лекот. Некои од овие апликации може ефикасно да го поддржат придржувањето на пациентите кон земање лекови.

Поврзано

Дозер за апчиња Организатор на таблети

Наводи

Категорија:Потрошувачка стока Категорија:Извршни програми Категорија:Фармација