Основно училиште „29 Ноември“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „29 Ноември“ - Калково; скратено: ПООУ „29 Ноември“) — подрачно основно училиште во селото Калково, претставува единка на училиштето „Страшо Пинџур“ од селото Јосифово.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Калково, на самото сретсело, во близина на селската џамија.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Калково Категорија:Калково