„Смртоносни сопатници“ (англиски: The Deadly Companions) — филм на режисерот Сем Пекинпо (Sam Peckinpah) од 1961 година, снимен по романот на А. С. Флајшман (A. S. Fleischman). Главните улоги ги играат: Морин О’Хара (Maureen O'Hara), Брајан Кит (Brian Keith), Стив Кохрен (Steve Cochran) и Чил Вилс (Chill Wills). Ова е првиот филм во режија на Пекинпо.Ubojiti suputnici, američki film (пристапено на 18.2.2024)
Синопсис Салунската танчерка, вдовицата Кит Тилден (ја игра О’Хара) го губи синот за време на еден грабеж на банка. Таа решава да го закопа детето крај неговиот татко во Сиринг, напуштен мал град во областа што е под контрола на Апачите. Поранешниот наредник во војската на Северот (го игра Кит), кој случајно го убива нејзиниот син, се нуди да ѝ помогне во преносот на телото, иако Кит ја одбива неговата помош. Затоа, наредникот им наредува на двајца од ограбувачите на банката, дезертерот од конфедерациската војска Турк и револверашот Били, да им бидат придружници за време на патувањето...
Наводи
Категорија:Филмови на Сем Пекинпо Категорија:Филмови од 1961 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови со Морин О’Хара Категорија:Филмови со Стив Кохрен Категорија:Филмови со Брајан Кит Категорија:Филмови со Чил Вилс Категорија:Филмови со Морин О’Хара Категорија:Филмови засновани на романи