24 — американска акциона/драмска телевизиска серија. Во Америка се прикажува на Fox, а е и адаптирана за прикажување низ светот, со првата епизода емитувана на 6 ноември 2001, со прво 13 епизоди (следните 11 епизоди биле подоцна порачани). 24 е втора по ред најдолго прикажувана шпионска серија во телевизиската историја, веднаш зад првобитната серија Невозможна мисија по број на епизоди и зад Одмаздниците по долговечност на прикажување.
24 се прикажува во таканаречената техника реално време, со тоа што секоја сезона прикжува дваесет и четири часовен период од животот на Џек Бауер, кој работи со американската влада за да ги отстрани фиктивните терористички закани на САД. Бауер е често на полето за Анти-терористичката единица на Лос Анџелес со чија помош се обидува да ја заштити нацијата од терористички закани. Серијата исто така ги следи и дејствата на други АТЕ агенти, државни службеници и терористи поврзани со синопсисот. Дејството во првите шест сезони на серијата се случува во Лос Анџелес и во вистински или измислени локации во или во близина или на Калифорнија, иако одвреме-навреме и други локации се прикажувани, најзабележително Вашингтон, каде дел од дејството во епизодите за време на четвртата и шестата сезона се случува. Наспроти традицијата, седмата сезона во основа е поставена во Вашингтон. Дејството во осмата сезона ќе се случува во Њујорк.
Откако водечкиот глумец Кифер Сатерленд се здобива со Златен глобус за неговата улога во првите 10 епизоди, рејтинзите на серијата се зголемиле, водејќи да FOX ја нарача и втората половина од сезоната. По шест сезони, беше потврдено дека FOX порачале идни две сезони да се продуцираат. Веќе е напишан и игран филм заснован на серијата, насловен 24, кој требал да почне да се снима во 2007 за да се прикаже во 2008, но плановите се одложиле за да се задржи интересот на серијата и за да може да се фокусира на нејзината дообработка.
Седмата сезона, првично закажана да почне да се прикажува на 13 јануари 2008, била одложена поради штрајкот на сценаристите во 2007-08 за да се обезбеди непрекинта сезона, заштитен знак на серијата уште од почетокот на нејзината четврта сезона во јануари 2005. Била официјално одложувана сè до јануари 2009. За да се помогне да се израмни одложувањето предизвикано од штрајкот, 24 се вратила во недела, 23 ноември 2008 со долгометражен телевизиски филм, насловен 24: Откуп, чии настани се случуваат околу четири години по шестата сезона и ја поставуват приказната која ја започнува седмата сезона.
Елементи Реално време мини|лево|250п|Пример на отчукување на часовникот од премиерата на четвртата сезона.
24 е серија која е прикажан во т.н. техника „реално време“, каде што секоја минута од емитувањето си одговара со минута од животите на ликовите. Рекламните пораки исто така се сместени во серијата (на пример ако ликовите се возат некаде кога рекламите почнуваат, тие веќе стигнале таму кога рекламните пораки завршуваат). Ова овозможува шоуто да се прикажува во реално време без никаква пауза. Часовникот кој го прикажува вистинското време во серијата продолжува да отчукува и за време на прикажувањето на рекламните пораки, нагласувајќи ги реалните 24 часа од сезоната.
Времетраењето на една епизода од серијата без рекламни пораки изнесува околу 42-44 минути, ова е типично за едночасовна телевизиска серија со многу рекламни пораки. Ефектот на реално време работи само ако епизодата е прикажана со рекламни пораки и само ако времетраењето на истите се зголеми на точни точки во времето, што кај повеќето телевизиски станици не е случај.
Гледајќи ги епизодите по ред без рекламни пораки, на секоја сезона и се потребни приближно 17 часа да заврши. Реалното време е назначено од еден дигитален часовник кој се појававува пред и по емитувањето на рекламните пораки, и со впечатлив звук ги означува секундите. Ликовите често го споменуваат времето (на пример „за еден час“) за одредени случувања како терористички закани, на овој начин прецизно го означуваат времето на нападот/случувањето.
Анти-терористичка единица
Анти Терористичка Единица (АТЕ) () е измислена владина анти-терористичка агенција и е слична на ФБИ и ЦИА. Нивното главно седиште се наоѓа во Вашингтон. Главната мисија на АТЕ е да ги одбрани терористичките напади упатени кон САД. Со седиште во речиси секој поголем град во САД, АТЕ исто така има улога во создавањето на безбедноста и бркање на групите на организиран криминал (што го вклучува и тероризмот).
Седиштата на АТЕ се контролирани од директор, наречен Специјален главен агент, на кого Директорот за операции на поле и Шефот на управата му одговараат. Одделите на АТЕ вклучуваат Комуникација, Логистика, и Тактика. Персоналот на Комуникацијата и Логистиката директно одговараат на Шефот на управата, а персоналот на Одделот за тактика се поделени на тактички тимови од страна на Директорот за операции на поле.
Глумечка екипа Главни Глумци десно|мини|250п|Глумечката екипа од седмата сезона.
24 е позната по правењето големи промени на нејзините главни глумци за секоја сезона — единствен исклучок е Кифер Сатерленд, кој е единствен главен глумец кој глуми во сите седум сезони. Глен Моршли, кој го глуми Арон Пирс, е единствениот глумец покрај Сатерленд кој се појавува во сите седум сезони. Во неколку случаи, гостинските глумци биле унапредени во главни глумци за време на сезоната. На главните глумци кој се вратиле од претходните сезони за една епизода или мал дел од сезоната им се дава статусот „специјална гостинска ѕвезда". Овој статус е користен и за други познати филмски глумци кој глумат во серијата, како Денис Хопер, Поверс Бут, Син Астин и Џејмс Кромвел.
Поради напнатата природа на серијата, бројот на умирањата е голем, спореден со другите телевизиски драми. Од 28 ликови кои беа пријавени како главни улоги за минатите шест сезони, десет се убиени. Овој број ќе биде поголем ако ги вклучиме и умирањата на споредните и гостинските улоги.
Глумец Лик Учество во епизоди Главен карактер во сезонитеСпореден глумец во сезоните СтасусКифер Сатерленд Џек Бауер 168 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8* Нема ЖивЛесли Хоуп Тери Бауер 24 1 Нема МртваСара Кларк Нина Mаерс 36 1 2, 3 МртваЕлиша Кофберт Ким Бауер 77 1, 2, 3 5, 7, 8* ЖиваДенис Хајсберт Дејвид Палмер 79 1, 2, 3 4, 5 МртовСара Вајнтер Кејт Варнер 25 2 3 ЖиваКсандер Баркли Џорџ Мејсон 27 2 1 МртовПени Џонсон Џералд Шери Палмер 45 2 1, 3 МртваКарлос Бернард Тони Алмеида 115 2, 3, 5, 7 1, 4 ЖивРеико Ајлестворт Мишел Дестлер 62 3 2, 4, 5 МртваЏејмс Беџ Дејл Чејс Едмунтс 24 3 Нема ЖивКим Рејвер Одри Рејнс 53 4, 5 6 ЖиваАлберта Ватсон Ерин Дрискол 12 4 Нема ЖиваВилиам Дејвн Џејмс Хелер 20 4 5, 6 ЖивЛана Парила** Сара Гавин 12 4 4** ЖиваРоџер Крос** Кертис Менинг 43 4, 5 4**, 6 МртовМери Лин Рејскаб Клои O'Брајан 101 5, 6, 7, 8* 3, 4 ЖиваЏејмс Морисон Бил Бјукенен 64 5, 6, 7 4 МртовГрегори Итзин Чарлс Логан 36 5 4, 6 НепознатоЛуис Ломбарди Едгар Стајлс 37 5 4 МртовЏеан Смарт Марта Логан 24 5 6 ЖиваД.Б. Вудсајд Вејн Палмер 48 6 3, 5 НепознатоПетер МекНикол Toм Ленокс 24 6 Нема ЖивЏејн Аткинсон Карен Хејс 30 6 5 ЖиваЕрик Балфор Мило Пресман 28 6 1 ЖивКарло Рота Морис O'Брајан 29 6 5, 7 ЖивМарисол Николс Надија Јасир 24 6 Нема ЖиваРеџина Кинг Сандра Палмер 9 6 Нема ЖиваБоб Гантон Итан Канин 21 7 6, 8* ЖивКолм Фор Хенри Тејлор 12 7 Нема ЖивЕни Вершинг Рене Валкер 24 7, 8* Нема ЖиваЏефри Нордлинг Лери мос 19 7 Нема Мртов Џејнен Гарофало Џанис Голд 21 7 Нема ЖиваРис Коиро Шеан Хилингер 10 7 Нема ЖивШери Џонс Алисон Тејлор 23 7, 8* Нема Жив * = Закажана улога за 8. сезона. ** = Бил унапреден од гостинска улога, во главна улога.
Споредни улоги и гости
24 содржи голем број на споредни улоги и гости во секоја сезона. Подолу се некои од споредните улоги кои се појавија минативе шест сезони.
Глумец Лик Се појави во сезоните Учество во епизоди СтатусЏуд Сиколела Мајк Новик 1, 2, 4, 5 58 ЖивГлен Моршлу Арон Пирс 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 49 ЖивПол Шлуз Рајан Шапел 1, 2, 3 24 МртовЗакари Квинто Адам Кофман 3 23 ЖивЏиоф Пирсон Џон Килер 3, 4 19 ЖивДаниел Бес Рик Ален 1 18 ЖивШеан Остин Лин МекГил 5 10 МртовМишел Форбс Лин Креџ 2 18 НепознатоАрнолд Вослу Хабиб Марван 4 17 МртовАдони Маропис Абу Фајед 6 15 МртовДенис Хопер Виктор Дражен 1 4 МртовЖељко Иванек Андре Дражен 1 14 МртовМиша Колинс Алексис Дражен 1 7 МртовЛаура Харис Мари Ворнер 2 14 ЖиваЈоаким де Алмеида Рамон Салзар 3 12 МртовЏеси Борего Гел Ортега 3 14 МртовПауерс Бут Ноа Даниел 6 14 ЖивВајселис Шенон Кит Палмер 1,2 13 ЖивЅи Ma Ченг Зи 4, 5, 6 12 Жив Мајкл Маси Ајра Геинс 1 12 МртовРики Шродер Мајк Дојл 6 12 ЖивРена Софер Мерлин Бауер 6 12 ЖиваЏонатан Адот Беруз Араз 4 12 ЖивШори Ашлу Дина Араз 4 12 МртваНик Џејмсон Јури Суваров 5, 6 12 ЖивЏон Ален Нелсон Волт Камингс 4, 5 12 МртовЏон Тери Боб Ворнер 2 12 ЖивЏулијан Сендс Владимир Биертко 5 11 МртовПетер Велер Кристофер Хендерсон 5 11 МртовВанеса Ферлито Клаудија Ернандес 3 11 МртваКери Мачет Лиса Милер 6 10 ЖиваЛорд Бенедикто Кери Турнер 2 10 ЖивЕван Елингсон Џош Бауер 6 10 ЖивЏејмс Кромвел Филип Бауер 6 10 МртовЏон Нобл Анатоли Марков 6 2 МртовПол Блектрон Стивен Саундрес 3 10 Мртов
Синопсис Прва сезона
Првата сезона започнува и завршува во 00:00 часот, и дејството се одвива во Лос Анџелес, Калифорнија. Во оваа сезона се запознаваме со протагонистот на оваа серија, Џек Бауер. Тој е агент во Анти-Терористичката Единица (АТЕ), кој ќе мора да ја пронајде и спаси неговата ќерка Ким Бауер, која е киднапирана, и да го спаси сенаторот Дејвид Палмер, од истите луѓе кои му ја киднапираа ќерката, и кои сакаат да ги убијат Џек Бауер и Дејвид Палмер поради поранешна мисија која ја одобрил Дејвид Палмер, а ја извршил Џек Бауер.
Втора сезона
Втората сезона се случува 18 месеци по првата, и почнува и завршува во р08:00 часот. Во оваа сезона Џек ќе мора да запре јадрена бомба од експлодирање, и потоа да му помогне на претседателот Дејвид Палмер, да го пронајде виновникот за бомбата. Во оваа сезона, Џек ќе мора да соработува со Нина Маерс, жената која во првата сезона го предаде Џек, и ја уби неговата жена, Тери Бауер.
Трета сезона
Третата сезона е сместена 3 години по настаните од втората сезона, и почнива и завршува во 13:00 часот. Џек е зависник од хероин, и има нов партнер - Чејс Едмундс, кој има љубовна афера со неговата ќерка Ким Бауер. Во оваа сезона Џек и Чејс се во потрага по вирусот Кордила (моќен преносен вирус кој убива во рок од 24 часа).
Четврта сезона
Дејствијата од четвртата сезона се сместени 18 месеци по дејствијата во третата сезона. Во оваа сезона Џек и Анти-Терористичката Единица ќе мораат да се справи со повеќебројни терористички напади од страна на терористот Хабиб Марван. На почетокот Џек ќе мора да го спаси киднапираниот министер за одбрана Џејмс Хелер, потоа ќе мора да го запре топењето на јадрата на Атомските централи низ цел САД, И на крајот ќе мора да ја запре боевата глава лансирана од страна на Хабиб Марван, да го погоди Лос Анџелес.
Петта сезона
Петтата сезона е сместена 18 месеци по четвртата сезона, и почнува и завршува во 6:00 часот. поранешниот претседател Дејвид Палмер ќе биде убиен, и Џек Бауер ќе биде обвинет за неговото убиство. Тој ќе се обиде да го пронајде убиецот, и да докаже дека е невин, но притоа ќе дознае дека Дејвид Палмер, дознал за некоја голема завера, и затоа е убиен. Како што денот тече, Џек открива дека руски сеператисти се во сопственост на 20 канистри на ортовен нервен гас. Џек И АТЕ тргнуваат во потрага по Терористите и гасот, а потоа дознаваат дека и претседателот Логан e помешан во терористичките напади кои се случуваат во оваа сезона.
Шеста сезона
Шестата сезона е сместена 20 месеци по петтата сезона, и почнува и завршува во 6:00 часот. Џек е пуштен откако бил затворен во кинески затвор 20 месеци. Терористите планираат да детонираат куфер со високо експлозивна направа во САД, и Џек мора да ги запре, подоцна, Џек е принуден да одбира помеѓу тие што му се мили, и националната сигурност кога кинезите се одлучуваат да направат некои работи кои би можеле да започнат војна помеѓу САД и Русија.
Наводи