мини|Давид од Микеланџело Ремек-дело (погрешно: ремек дело, ремекдело) — дело од висока класа, мајсторско, врвно и безвременско уметничко дело во кое се вложени оригинални мисли, талент и творештво. Тоа е врвно достигнување на уметноста и занаетчиството. Тоа е дело што е исклучително добро прифатено од критиката и јавноста, и обично е најдоброто дело на уметникот што ја крунисува неговата кариера.
Некои од класичните примери на ремек-дела се:
Мона Лиза од Леонардо да Винчи
Давид од Микеланџело
Герника од Пабло Пикасо
Хамлет од Вилијам Шекспир
и многу други. Кое уметничко дело ќе биде прогласено за ремек-дело зависи од културата и традициите. На пример, некои филмови од добата на немото кино се сметаат за ремек-дела од стручњаци, но ова мислење не го дели пошироката јавност. Многу често некои генијални дела се тешко разбирливи од нестручњаци. Исто така, понекогаш уметничките ремек-дела се препознаваат како такви дури по смртта на творецот.
Наводи
Надворешни врски
Masterpieces at the Louvre.
Категорија:Естетика Категорија:Еснафи Категорија:Уметнички дела Категорија:Ликовна уметност Категорија:Семиотика __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__