Киа или Киа Моторс (корејски: 기아) — јужнокорејско претпријатие за производство на автомобили, со седиште во Сеул. Киа е вториот најголем автопроизводител во Јужна Кореја, со вкупна продажба од над 2,8 милиони возила во 2019 година. Од 2015 година, Киа е во сопственост на Хјундаи, кој поседува 33,88 % од акциите. Истовремено, Киа има сопственички удели во повеќе до 20 подружници на Хјундаи. Според објаснувањето на претпријатието, името „Киа“ е изведено од корејските знаци 起 (што значи: изгрева, се крева) и 亞 (што значи: Азија), така што зборот „Киа“ буквално значи „Изгрева од Источна Азија“.
Галерија
Наводи
Категорија:Јужнокорејски автопроизводители