Крсто Наков Калабуров — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис лево|мини|Раководството на соединената костурска чета. Преден дел: Трпо Шалапутов, Иван Попов, Васил Чакаларов, Христо Силјанов, позади: Сотир Савов од Смрдеш, Крсто Калабуров, Андон Попштерев, Тома Желински и Ване Канчев од Косинец Калабуров е роден во селото Д’мбени, Костурско на 15 октомври 1877 година, тогаш во Османлиското Царство. Останал сирак и успеал да заврши четврто одделение од образованието. Бил на печалба во Мала Азија.

Во 1902 г. се вратил во родниот крај и стапил во ВМОРО. Учествувал во големата битка кај Локвата на 21 мај 1903 г. Истата година го заменувал војводата Атанас Кршаков кој бил ранет.Централен държавен архив, ф. 1075 К (Илинденска организация), оп. 1, а.е. 36 а, л. 19. Во Илинденското востание бил централен војвода и со својата чета бил дел од одредот на Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. Во 1904 г. учествувал во битки со грчки андарти во Трсје, Турје и Оштима, а брзо потоа емигрирал во САД.

За време на Балканските војни бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и се борел во Костурската здружена чета. Добил орден „За храброст“, а во Втората балканска војна бил уапсен од грчките власти во Д’мбени. Бил затворен во Костур, каде е бил измачуван. Покасно бил ослободен по што се преселил во Скеча.

По Првата светска војна живеел во Пловдив. Од 1923 година бил член на Илинденската организација. Починува на 8 октомври 1939 г.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски преселници во САД Категорија:Македонски преселници во Пловдив Категорија:Учесници во Илинденското востание