Мама Миа (англиски: Mamma Mia!) е комедија – мјузикл филм од 2008 година, реазилиран според мјузиклот „Мама Миа“, заснован на песните на шведската популарна поп група АБА. Филмот е во продукција на „Јуниверзал пикчерс (Universal Pictures“. Дел од локациите во филмот се сместени на острови во Грција.

Содржина Софи живее со мајка ѝ, која води мал хотел на еден убав грчки остров. Софи е возбудена, зашто наскоро треба да се омажи за момчето кое многу го сака. Но, таа не знае кој е нејзиниот татко, така што сака токму тој да ја спроведе до олтарот. Кога ќе го најде дневникот на мајка ѝ, Софи сфаќа дека ниту таа не знае точно кој е таткото на Софи, бидејќи најпрвин се вљубила во Сем, кој наеднаш ја напуштил, па следел Бил, како утеха за Сем, а по Бил, мајка ѝ се тешела со Хари. Без да ѝ каже на мајка си, Софи ги наоѓа адресите на сите тројца и ги кани на венчавката, без да им ја каже причината.Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 15.

Глумци ЛиковиМерил Стрип Дона ШериданКристин Барански ТањаЏули Валтерс РосиАманда Сејфрид Софи ШериданДоминик Купер СкајПирс Броснан СемКолин Фирт Хари

Датуми на премиери Датуми Држави 2 јули, 2008 Велика Британија, Премиера 10 јули, 2008 Грција, Австралија, Норвешка 11 јули, 2008 Данска, Исланд, Шведска 17 јули, 2008 Германија, Холандија 18 јули, 2008 Австрија, Естонија, Финска, САД, Канада, Филипини 23 јули, 2008 Белгија, Египет 8 август, 2008 Мексико 13 август, 2008 Шпанија 14 август, 2008 Чешка 15 август, 2008 Бразил 21 август, 2008 Аргентина, Израел 4 септември, 2008 Словачка, Хрватска 10 септември, 2008 Франција 18 септември, 2008 Сингапур 25 септември, 2008 Русија 3 октомври, 2008 Италија, Турција

Наводи

Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија: Филмови со Мерил Стрип Категорија:Филмови со Стелан Скарсгард Категорија:Филмови со Пирс Броснан