Карлос Хонас Алкарас Дуран (роден на 30 ноември 2002, во Ла Плата) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Евертон.
Клупска кариера Расинг Клуб Својте први фудбалски чекори Алкарас ги направил во Депортес Инфантилес де Виља Елиса, пред да се приклучи на младинската академија на Расинг Клуб во 2017 година. Откако израснал во младинскиот сектор на Расинг, тој го направил своето деби за првиот тим на 26 јануари 2020 година, играјќи го натпреварот од Примера Дивисион против Атлетико Тукуман што завршил нерешено 1-1; последователно, на 16 март тој го постигнал својот прв гол, и тоа во 97-мата минута од натпреварот против Алдосиви во Копа де ла Суперлига добиен со 4-3. На 17 септември 2020 година, го одиграл својот прв натпревар во Копа Либертадорес, во поразот со 1-0 од Насионал.
Саутхемптон На 9 јануари 2023 година, Алкарас потпишал четири ипол годишен договор со Саутхемптон, во трансфер од Расинг кој англискиот клуб го чинел 14 милиони евра. Своето деби го имал пет дена подоцна, во натпреварот од Премиер лигата против Евертон. На 11 февруари, го постигнал својот прв гол за Светците, против Вулверхемптон во лигата во поразот на домашен терен (1-2). Својот втор гол, го постигнал во следниот натпревар на домашен терен, победата со 1-0 над Лестер Сити. Сезоната ја завршил со 21 настап и 4 гола, но не успеал да му помогне на клубот да избегне испаѓање.
И покрај испаѓањето на Саутхемптон од Премиер лигата, Алкарас останал во клубот и следната сезона играјќи во Чемпионшип. На 6 октомври 2023 година, Алкарас потпишал продолжување на договорот со Саутхемптон до јуни 2028 година. Својот прв гол во Чемпионшип го постигнал на 28 октомври во победата со 3-1 на домашен терен над Бирмингем Сити.
Јувентус На 31 јануари 2024 година, тој пристигнал во Јувентус, на позајмица со право на откуп. Своето деби со бјанконерите го направил на 4 февруари, во поразот со 1-0 на гостувањето кај Интер, заменувајќи го Вестон Мекени во последните минути од натпреварот.
Репрезентативна кариера На 5 октомври 2023 година, Алкарас бил повикан во аргентинската репрезентација за прв пат, за натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026 против Парагвај и Перу.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 25 февруари 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 Расинг Клуб ПД 1 0 КА+КДЛС+КМ 1+1+8 0+1+1 КЛ 5 0 СА 0 0 16 22021 ПД 18 1 ЛКА 6 0 КЛ 1 0 - - 25 12022 ПД 19 3 КА+ЛКА 1+14 0+4 КС 6 1 СА 2 1 42 9Вкупно Расинг Клуб 38 4 31 6 12 1 2 1 83 12јан.-јун. 2023 ПЛ 18 4 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - 21 42023-јан. 2024 ФЛЧ 23 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0+1 - - - - 26 4Вкупно Саутхемптон 41 7 6 1 - - - - 47 8јан.-јун. 2024 А 3 0 КИ - - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 82 11 37 7 12 1 2 1 133 20
Титули Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Карлос Алкарас на soccerway Карлос Алкарас на transfermerkt Карлос Алкарас на whoscored Карлос Алкарас на espn
Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на Расинг Клуб Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Фламенго Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2002 година