Бисопрололот е лек од групата на бета блокатори, кој се користи во терапијата на срцеви заболувања. Тука спаѓаат тахиаритмија, висок крвен притисок, ангина пекторис, и срцева слабост. Се зема преку уста.
Вообичаени несакани ефекти вклучуваат главоболка, чувство на замор, дијареа и оток на нозете. Потешките несакани ефекти вклучуваат влошување на астмата, блокирање на способноста да се препознае ниско ниво на глукоза во крвта, и влошување на срцевата слабост. Постои загриженост дека употребата за време на бременоста може да биде штетна за плодот. Бисопрололот спаѓа во групата на бета блокатори и дејстува селективно на β1 рецепторот.
Биспорололот се наоѓа на Списокот на СЗО на есенцијални лекови. Достапен е како генерички лек. Во 2025, е шести најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 1,2 милиони рецепти.
Наводи
Категорија:Бета блокатори Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација