„Холивудски крај“ (англиски: Hollywood Ending) — филм на режисерот Вуди Ален од 20002 година. Ален е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Вуди Ален, Теа Леони, Џорџ Хамилтон и Дебра Месинг.

Содржина На угледниот филмски режисер Вал Ваксман (го игра Ален) веќе одамна никој не му понудил работа. Нему му помага поранешната сопруга Ели (ја игра Леони) која живее со сопственикот на голема холивудска продуцентска куќа и така Вал добива нова можност. Во текот на подготовките за снимањето на филмот, тој има страда од хистерично слепило, така што снимањето започнува во целосен мрак. Неговата тајна ја знаат само неколкумина, но по проекцијата на снимениот материјал тајната повеќе не може да се крие и ниту најголемите напори на продуцентот не можат да ја спречат катастрофата. За среќа, Франција го почитува неговиот неконвенционален пристап во режирањето...

Наводи

Категорија:Филмови со Вуди Ален Категорија:Филмови со Теа Леони Категорија:Филмови со Џорџ Хамилтон Категорија:Филмови со Дебра Месинг Категорија:Филмови на Вуди Ален Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2002 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови за режисери Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Холивуд Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк