мини|Лиз Чикаје Лиз Чикаје Чурај (родена 1982 година) е домороден перуански лидер коај придонела значително за заштита на дождовните шуми и реките во областа Лорето во североисточниот дел на Перу, заштитувајќи ги правата на народот Јагуа. Благодарение на нејзините напори, Националниот парк Јагуас бил основан во 2018 година. Во јануари 2019 година во Лима ѝ била доделена француско-германската награда за човекови права од страна на францускиот и германскиот амбасадор.

Биографија Лиз Чикаје е родена во 1982 година во домородната заедница Борас де Пукауркило во областа Пебас во регионот Лорето во Перу. Таа му припаѓа на кланот Њут (врапче јастреб). Кога била мала, израснала во шума каде научила да ја цени важноста на природата и дивите животни. Како што таа растела, домородните заедници што живееле во областа биле сè позагрозени од нелегална сеча и ископување рудници. Откако решила да ја преземе задачата да се бори за благосостојбата на овие заедници, таа ги развила своите лидерски способности и во 2013 година се обидела да стане градоначалник на областа Пебас. Иако не победила, таа повеќе се запознала со проблемите на луѓето во областа.

Благодарение на нејзината работа, во 2014 година таа била избрана за претседател на ФЕКОНА, федерација на домородните заедници на Ампијаку, обезбедувајќи можност за соработка со други домородни федерации во областа. Таа работела на зачувување на областа опкружена со реките Напо, Путумајо и Амазон, соседни Колумбија и Бразил. Како член на Комитетот за категоризација на резервираната зона Јагуас, таа работела на развојот на Националниот парк Јагуас во кој би можеле да се интегрираат и да се заштитат домородните заедници.

Во 2017 година, Министерството за животна средина на Перу ја поканиле да учествува во работата на COP 23. Таа ги претставила своите предлози за националниот парк Јагуас на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени во Бон, Германија.

Благодарение на нејзините напори, Националниот парк Јагуас бил основан во 2018 година. Во јануари 2019 година во Лима ѝ била доделена француско-германската награда за човекови права од страна на францускиот и германскиот амбасадор.

На Чикаје ѝ била доделена наградата Голдман за животна средина во 2021 година.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Жени активисти Категорија:Климатолози Категорија:Перуански жени екологисти Категорија:Жени активистки за човекови права Категорија:Список на жени научнички и активисти климатолози