Шабан Салиу (р. Скопје, ) — македонски политичар, активист на Ромите во Македонија и претседател на Демократски сили на Ромите. Тој бил уапсен на 12 април 2025 година поради поврзаност со пожарот во дискотеката во Кочани.

Животопис

Салиу е роден во Скопје на 6 јануари 1961 година. Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, на Правниот факултет и положува правосуден испит. Од 1990 до 1995 бил Генерален секретар на ПЦЕР, а од 1995 и Претседател на огранокот на ПЦЕР во Гостивар. Салиу е Потпретседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Од 2006 до 2008 година е член на македонското собрание како пратеник на Демократските сили на Ромите. Од мај 2008 е назначен за директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Освен со македонскиот и ромскиот, Салиу се служи и со српскиот и англискиот јазик. Женет е и е татко на едно дете.

Наводи

Категорија:Македонски Роми Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Пратенички состав 2006-2008