Гарденија Ајсек (поранешни презимиња Волтер и Макајаон) е микронезиски едукатор и владин службеник. Ајсек е првата жена избрана во државниот законодавен дом Чук. Таа потоа станала првата жена - секретар на Одделот за образование на Федералните држави на Микронезија.

Историја Ајсек има диплома за бизнис администрација од Националниот универзитет во Калифорнија. Таа предавала на Факултетот во Микронезија и на Факултетот Северна Маријанас. Додека била на Факултетот Северна Маријанас, таа станала директор на Факултетот за бизнис и угостителство.

Од 1997 до 2005 година, Ајсек била прва дама на државата Чук, додека нејзиниот тогашен сопруг Ансито Валтер бил гувернер. Во овој период, Ајсек била првата жена што била член на Одборот на регенти во Факултетот во Микронезија. Исто така Ајсек му помогнала на нејзиниот брат да го води нивниот семеен бизнис, одморалиштето Blue Lagoon, кое се наоѓа во близина на Меморијалниот музеј Кимиуо Ајсек именуван по нивниот татко.

Кариера во Владата Ајсек стана првата жена - директор на Државниот оддел за образование на Чук, и ја задржала улогата од 2010 до 2014 година. За време на нејзиниот мандат, таа водела напори за реформи во образованието сè додека не била отпуштена од Одборот за образование на Чук. Ајсек тужела за неправедно отпуштање.

Во 2017 година, Ајсек станала првата жена избрана во државното законодавство на Чук, откако победила со голема разлика. Додека служела во државниот сенат, таа била делегат на Асоцијацијата на законодавни тела на Тихоокеанските Острови. Во 2021 година, Ајсек добила благослов од претседателот Дејвид Пануело како секретарка на Одделот за образование на Федералните држави на Микронезија . Ајсек помогнала да се обезбеди инвестиција од 17.700.000 американски долари од Светската банка во 2022 година со цел да се подобруви образовниот систем и стручната обука во земјата. Во изјавата, претседателот Пануело рекол: „Не можам да изразам со зборови колку сум горд на секретарката Ајсек и нејзиниот тим во Министерството за образование, и колку сме благодарни за финансиската поддршка на Светска банката за овој проект“.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Академици