мини|Стела Максвел за „Хаос со прскалки“ Стела Мајнес Максвел (родена на 15 мај 1990 година) е модел. Таа е поранешен ангел на Викторија Сикрет. Стела е заштитно лице на козметичкиот бренд Макс Фактор.
Ран живот Максвел е родена во Брисел на 15 мај 1990 година од родители од Северна Ирска, Белфаст. Нејзината мајка е Стела (роденото Мајнс), а нејзиниот татко е пензионирани дипломат, Морис Максвел, тој порано служел како шеф на Европската комисија во Белфаст. Стела го добила името по нејзината мајка. Има двајца постари браќа и една постара сестра. Максвел е израсната во Брисел до својата 13 годишна возраст, посетувајќи го Европското училиште, Волуве а потоа се преселила со своето семејството во Австралија, каде што живееле во Канбера една година. Стела и нејзиното семејство потоа се преселиле во Нов Зеланд кога таа имала 14 години, се преселиле во Велингтон. Таа го посетувала колеџот Квин Маргарет и Универзитетот во Отаго. Додека таа била студент, работела во киоск и била извидувана од агенција за моделирање со седиште во Данедин. Максвел почнала да се занимава со манекенство по дипломирањето на универзитетот.
Кариера лево|мини| Максвел за списанието Лове во 2015 година Учествувала на модната ревија на Викторија Сикрет 2014. Максвел е амгел на Викторија Сикрет од 2015 година.
За време на нејзината манекенска кариера, позирала за Александар Меквин, Асос, Х&М, Карл Лагерфелд, Роберто Кавали, Урбан аутфитерс и Топшоп. Била на насловните страници на германското, турското, шпанското, тајландското и јапонското издание на модниот магазин Вог. Како модел на модна писта, Стела учествувала на ревии за Џереми Скот, Марк Џејкобс, Томи Хилфигер, Москино, Брендон Максвел, Долче и Габана, Жакемус, Тори Бурч, Џајлс, Дсквер2, Муглер, Фенди, Шанел, Миу Миу. Таа ја отворила модната ревија Концепт Кореа пролет/лето 2011 година, каде била облечена како модерна Снежана во стилот на Лолита во дуксер, мини здолниште и високи чевли. Во меѓувреме паднала на модната писта и го испуштила јаболкото што го носела со себе. Максвел исто така паднала двапати по ред за време на финалето на модната ревија Миу Миу Ризорт 2016 година.
Соработувала со францускиот бренд Коплес за да создаде чанта која ќе го носи нејзиното име. Максвел била избрана за број 1 во „Листата на жешките 100“ на Максим во 2016 година. Таа имала незабележана улога во филмот „JT LeRoy“ од 2018 година.
Во период на 2020 година, Максвел станала амбасадор на настаните за Денот на Стоунвол на Прајд Лајф.
Стела се појавувила во музичкото видео „Chemical“ (Кемикал) од Бек во 2021 година.
Личен живот Стела Максвел течно зборува два јазика: англиски и француски.
Максвел е отворено квир и се идентификува како сексуално флуидна. Таа се забавувала со американската пејачка Мајли Сајрус во 2015 година. Од почетокот на декември 2016 до крајот на 2018 година била во врска со американската глумица Кристен Стјуарт; тие накратко ја продолжиле врската во средината на 2019 година.
Наводи
Извори Приказната за Макс Фактор Кристен Стјуарт Гејт-го урна нашето ексклузивно интервју со Стела Максвел Тајната на Викторија
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Норвешки модели