Камен мост, Ѕидан мост или Римски мост — мост на реката Бабуна, на влезот во селото Богомила. Во 1953 година бил внесен во Списокот на културно наследство на Македонија.

Историја Иако во народот е длабоко вкоренето верувањето дека мостот потекнува уште од римско време (од каде го добил името „Римски мост“), точните историски податоци за неговото градење се нецелосни. Се смета дека е изграден во препознатливиот римски и византиски рустичен стил на архитектура со ѕидање од обработен камен, што го потврдува и алтернативното име „Ѕидан мост“. Со векови овој мост претставувал клучна сообраќајна и економска точка за регионот на Азот, овозможувајќи го пристапот до Богомила и околните населени места..

Архитектура и одлики Мостот спаѓа во групата на стари рустични камени мостови. Неговата конструкција е изведена со прецизно редење на обработени камени блокови во облик на лак, кои се приспособени да ги издржат водните налети на Бабуна. Архитектонскиот предел околу мостот се одликува со природни карпи кои образувале корито под самиот лак.

Загрозеност и конзервација Со десетлетија, мостот беше изложен на постојан моторен сообраќај, вклучувајќи и тешки товарни возила и камиони. „Стручњаци од Националниот конзерваторски центар на Македонија пред десет години извршиле увид, изготвиле извештај и констатирале дека на мостот се одвива товарен сообраќај кој негативно влијае врз стабилноста на мостот”, јавува СДК. Поради сериозната загрозеност од уривање, месното население и стручната јавност со години апелирале за дислоцирање на сообраќајот.

Во 2020 година во негова непосредна близина (5-10 м) изграден е нов мост, со што Камениот мост се ослободил од моторниот сообраќај, но со новиот мост се деградира милениумското постоење на Камениот мост.

Наводи

Категорија:Богомила Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Камени мостови