мини|Играчкиот процес на раната верзија на логичката игра Edge Играчки процес или начин на игра — конкретен начин по кој играчите заемодејствуваат со игра, најчесто со видеоигри. Играчкиот процес е шема определена преку правилата на играта, поврзаноста помеѓу играчот и играта, предизвиците и нивното надминување, заплетот и врската на играчот со неа. Играчкиот процес на видеоигрите се разликува од графиките и аудиоелементите.

Преглед Во 1980-тите, кога видеоигрите почнале да стануваат популарни, луѓето почнале да го користат изразот „играчки процес“. Тогаш се користело само за видеоигри, но сега се користи и за други видови игри. Играчкиот процес во основа значи колку е забавно да се игра една видеоигра, не сметајќи како таа изгледа или звучи. Играчката механика е правилата на играта што ја прават самата игра забавна. Некои луѓе што зборуваат за игри, особено академици, сакаат да се сосредоточуваат на играчката механика наместо на играта бидејќи играта може да биде премногу нејасна.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Начини на играње на видеоигри Категорија:Осмислување на игри Категорија:Терминологија за видеоигри