мини|Caja Mágica, место на натпреварот Детскиот избор за песна Евровизија 2024 Беше 22-тото издание на Детска Евровизија, кое се одржи на 16 ноември во салата Caja Mágica.

На натпреварот учествуваа 17 земји.

Локација На 14-ти февруари 2024 година беше објавено дека натпреварот ќе се одржи во Шпанија - тоа ќе биде првиот натпревар од 2018 година кој нема да се одржи на територијата на претходната победничка земја.

На прес-конференцијата за Детска  Евровизија 2024, одржана на 10 мај, објавено е дека натпреварот ќе се одржи во Мадрид на сабота, 16 ноември.

Формат

Визуелен дизајн На 3 септември 2024 година, Европски радиодифузен сојуз објави дека слоганот на натпреварот ќе биде "Let’s Bloom". Ана Марија Бордас, директорка за оригинална содржина во RTVE и извршна продуцентка на Детска Евровизија 2024, ја објасни идејата зад оваа тема: „Размислувавме за концепт кој, земајќи ја природата како пример, се одразува на идејата за млади уметници кои расцутуваат кон иднината, во која можат да бидат свои и слободно да се изразуваат на здрав, безбеден и разновиден начин. Целта е да им се помогне во нивниот раст и развој. Накратко, да им се помогне да расцутат и да се развиваат, останувајќи свои.".

Водители 12 септември 2024 година беше откриено дека водители на натпреварот ќе бидат: пејачката Рут Лоренцо, актерот Марк Клотет и претставничката на Шпанија на Детска Евровизија 2019, Мелани Гарсија.

Учесници Прво место Второ место Трето место Последно место #ЗемјаИзведувачПеснаЈазикМестоБодови1Симоне Гранде"Pigiama Party"италијански, Англиски9982Annabelle "Tänavad"Естонски14553Никол Чабели"Vallëzoj"албански71264Лео"Cosmic Friend"ерменски, Англиски81255Марија Писариди"Crystal Waters"Грчки, Англиски 13606Титуан"Comme ci, comme ça"француски41777Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски"Маратон"македонски, Англиски16548Доминик Арим"All Together"полски, Англиски12619Андрија Путкарадзе"To My Mom"Грузиски 123910 (земја домаќин)Chloe DelaRosa"Como la Lola"Шпански614411Бјарне"Save the Best for Us"германски, Англиски 117112Stay Tuned"Music"холандски, Англиски109113Idols SM“Come Noi”италијански174714Артем Котенко"Hear Me Now"украински, Англиски320315Викторија Никол"Esperança"Португалски, Шпански221316Enya Cox Dempsey"Le chéile"Ирски 155517Рамирес Скиберас"Stilla ċkejkna"Малтешки5153

Наводи

Категорија:Детска Евровизија