Цефалексинот е антибиотик кој се користи во третманот на бактериски инфекции. Делува против грам-позитивни и некои грам-негативни бактерии преку инхибиција на синтезата на клеточниот ѕид. Цефалексинот е β-лактамски антибиотик и спаѓа во класата на прва генерација на цефалоспорини. Се зема преку уста.
Цефалексинот се користи во третманот на некои бактериски инфекции, како што се инфекции на средното уво, коските и зглобовите, кожата и уринарниот тракт. Може да се користи кај одредени типови на пневмонија и стрептококен фарингитис и за превенција на бактериски ендокардитис. Цефалексинот не е ефикасен кај инфекции предизвикани од метицилин-резистентен Staphylococcus aureus (МРСА), повеќето Enterococcus, или Pseudomonas. Како и сите антибиотици, цефалексинот не третира вирусни инфекции, како што се грип, настинка или акутен бронхитис. Цефалексинот може да се користи кај лица со блага или умерена алергија на пеницилин. Не се препорачува примена кај лица со тешка алергија на пеницилин.
Чести несакани ефекти се диспепсија и дијареа. Алергиски реакции или инфекција со Clostridium difficile, кој е причинител на дијареа, се исто така возможни. Се смета дека употребата за време на бременоста или доењето не е штетна за плодот. Кај пациентите со бубрежна слабост потребно е намалување на дозата.
Цефалексинот бил развиен во 1967.> За прв пат на пазарот бил достапен во 1969 и 1970 под заштитни имиња Кефлекс и Цепорекс, помеѓу другите. Достапни се и генерички верзии. Се наоѓа на Списокот на СЗО на есенцијални лекови. Во 2025, е седумдесет и први најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 63.000 рецепти.
Наводи
Категорија:Антибиотици Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација