Коприва (, Химарос, до 1927 г. Κόπριβα, Коприва) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција.
Географија Селото се наоѓа во североисточното подножје на планината Карадаг, близу десниот брег на реката Струма.
Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коприва (Koprivah) било село во Серската Каза со 60 домаќинства сочинети од 100 муслимани и 78 Македонци.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за селото:
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за Коприва:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коприва имала 490 жители, од кои 350 македонци и 140 Роми.
Сите христијани во Коприва биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Коприва (Kopriva) живееле 120 Македонци под Патријаршијата.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 466 жители, а во 1920 г. во него се попишани 359 лица, бидејќи дел од населнието настрадало во Првата светска војна и се иселило во Бугарија. Под притисок на грчката власт во 1924 г. уште македонски семејства се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано со 762 жители, од кои 621 лице (162 семејства) биле грчки дојденци, а останатите мештани. В 1927 година селото е прекръстено на Химарос.
+ Месности во Коприва преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Китка Κίτκα Лулуди Λουλούδιмесност на Ј од Коприва и на С од Турица Ферезли Φερρεσλή Като Ерипија Κάτω Έρείπιαпоранешно село на Карадаг на З од Коприва Ќосели Κιοσαλή Месеја Ерипија Μεσαία Ερείπιαпоранешно село на Карадаг на З од Коприва Карсали Καρσαλή Ано Ерипија Άνω Έρείπιαпоранешно село на Карадаг на З од Коприва Хаџи Салер Χατζή Σαλέρ Халасмата Χαλάσματαпоранешно село на Карадаг на З од Коприва Чавдарли Τσαυταρλή Ерипија Сикалион Έρείπια Σικαλιώνпоранешно село на Карадаг на СЗ од Коприва Хамзали Χαμζαλή Дистратон Δίστρατονврв и шума на Карадаг на СЗ од Коприва (789 м) Армут Трла Άρμούτ Ταρλά Апидиес Απιδιέςвозвишение на Карадаг на ЗСЗ од Коприва Гуз Бунар Γούζ Μπουνάρ Дио Врисес Δύο Βρύσεςвозвишение на Карадаг на З од Кајали (583 м) Нишан Тепе Νισάν Τεπέ Симади Σημάδιвозвишение на Карадаг на З од Кајали (374,1 м) Ѓулеменли Γκιουλεμενλή Влахика Ерипија Βλάχικα Έρείπιαпоранешно село на Карадаг на СЗ од Кајали Стратунус Στράτουνους Паралимнион Παραλίμνιονвозвишение на Карадаг на СЗ од Кајали (353 м) Сиври Тепе Σιβρί Τεπέ Митери Корифи Μυτερή Κορυφήвозвишение на Карадаг на СЗ од Кајали (400 м) Дермен Ντερμέν Милорема Μυλόρεμαрека на Карадаг на СЗ од Кајали, од југ се влева во Бутковското Езеро Ќуланали Κιουλιαναλή Рема Дилофу Ρέμα Διλόφουрека на Карадаг на СЗ од Кајали, од југ се влева во Бутковското Езеро
Население
Наводи
Категорија:Долна Џумаја