Хитклиф Ендру Леџер (англиски: Heathcliff Andrew Ledger) (4 април 1979 — 22 јануари 2008) или попознат само како Хит Леџер (Heath Ledger) — австралиски глумец, добитник на оскар, телевизиски и филмски глумец. По изведбите на улогите за австралиската телевизија и филм за време на 1990, Леџер се сели во Соединтетите Американски Држави во 1998година за да ја развие неговата филмска кариера. Неговите дела опфаќаат деветнаесет фимови, вклучувајќи ги 10 работи што ги мразам кај тебе' (1999), Патриот (2000), Бал на чудовишта (2001), Приказната за витезот (2001), Кршенгрб Планина(2005), Црниот Витез (2008). Како дополнение на негововто глимење, тој продуцираше и режираше музички видеа и претендираше да биде филмски режисер.
За неговиот портрет на Енис дел Мар во Кршенгрб планина, Леџер во 2005 ја доби улогата за најдобар глумец од филмските критичари во Њујорк и во 2006 Најдобар глумец од Австралискиот Филмски Институт и беше номиниран за 2005 година Од Филмската Академија за најдобар глумец како и во 2006година наградата БАФТА НАјдобар глумец во главна улога. Постхумано ја подели наградата за 2007година Слободен дух на Роберт Алтман заедно со екипата од заедничкиот каст, режисерот, и кастинг директорот на филмот Јас не сум тука, кој е инспириран од животот и песните на американскиот пејач –композитор Боб Дилан. Во филмот, Леџер го портретира измислениот глумец именуван како Роби Кларк, еден од шестте карактери вклулени од аспектите на животот и личноста на Дилан. Леџер беше номиниран и добитник на награда за неговата изведба на Џокерот во филмот Црниот Витез, вклучувајќи ги тука и Оскар - Наградата од Академијата за најдобра машка споредна улога, за најдобар глумец интернационлана аграда во 2008година од Австралискиот Филмски Институт, и стана прв глумец кој добил награда посмртно, 2008 награда за најдобра споредна улога на Асоцијацијата за Филмска Критика од Лос Анџелес, 2009 Златен глобус за најдобра споредна улога и 2009 Награда БАФТА за најобра споредна улога.
Почина на возраст од 28 години, од случајно труење до токсична комбинација на препишани лекови. Неколку месеци пред смртта, Леџер го заврши снимањето на неговата претпоследна изведба , како Џокер во филмот Црниот Витез, неговата смрт е во времето на продукцијта на филмот и кастингот, па фрли сенка врз последователната промоција од $180 милионска продукција. Во моментот на неговата смрт, на 22 јануари, тој ја имаше комплетирано околу половина од неговата изведба на улогата на Тони во филмот на Тери Гилиам Имагинариумот на доктор Парнасус.
Семејство и приватен живот
Хит Леџер е роден во Перт, Западна Австралија, син на Сели Леџер (родена Ремшоу), професорка по француски јазик, и Ким Леџер тракач со автомобили и рударски инженер, чие семесјство го осовало и поседува Леџер Инженерство Леарница. Тој е именуван по неговиот прадедо Господин Френк Леџер Добротворна Доверба. Леџер го посетуваше основното училиште Планината Мари, во Гусберу Хил и подоцна Гилфорд Граматичкото училиште каде што ги имаше првите глумечки искуства, учествувајќи во школската продукција како Петар Пан на возраст од 10 години. Неговите родители се разедлија кога тој имаше 10 години и се разведоа кога имаше 11 години. Постарата сестра на Леџер, Кејт глумица а подоцна и публицист, со која тој беше многу близок, го поттикна за ннеговата глума на сцена, а љубовта кој Џин Кели го инспирираше за прекрасната кореографија водејќи го до 60 члениот тим на Гилдфорд Граматика ’’ прво момче победник’’ во Иствуд Рок натпреварот. Хит и Кејт имаат две полусестри Ешли Бел (родена 1989) ќерка на нивната мајка и очувот Роџер Бел, и Оливија Леџер (родена 1997) ќерка на неговиот татко и маќета Ема Браун.
Леџер беше страствен шахист, победувајќи на првенството на западна Австралија за јуниори на возраст од 10 години. И како возрасен често играше шах со други шах ентузијасти во Паркот на плоштадот Вашингтон. Филмската адаптација на Алан Скот заснован на новелата од 1983година Кралскиот коцкар од Волтер Тревис во времето на неговата смрт тој беше планиран и за изведба на улога и за режисер, и ќе беше прво остварување на Леџер како режисер на долометражен филм.
Меѓу неговите најзначајни врски, Леџер излегуваше со глумицата Хедер Греам неколку месеци во 2000 до 2001 година и имаше сериозна со прекина долготрајана врска со акерката наоми Вотс која ја запозна на сетот на снимањето на филмот Нед Кели со која живееше заедно од 2002 до 2004 година. Во летото 2004 година , се запозна и започна врска со глумицата Мишел Вилијамс на сетот на филмот Кршенгрб Планина, и нивната ќерка, Матилда Роуз, беше родена на 28 октомври 2005 во Њујорк. Кумови на Матилда Роуз се колегата на Леџер од филмот Кршенгрб Планина Џејк Гиленхал, и колешката на Вилијамс од сетот на Досон Креек Бизи Филипс. Леџер го продаде неговиот дом во Бронте, Нов Јужен Велс и се пресели во САД, каде што делеше апартман со Виликамс во Боерум Хил, Бруклин, од 2005 до 2007. Во септември 2007, таткото на Вилијамс потврди за Сиднејскиот Дејли Телеграф дека Леџер и Вилијамс ја прекинлае својата врска. По раскинувањето со Вилијамс, при крајот на 2007 и почетокот на 2008, таблоидите го поврзуваа со супер моделите Хелена Кристенсен и Џема Вард и поранешното дете ѕвезда, глумицата Мери Кејт Олсен.
Кариера
1990-тите
По барањето за предвремен матурски испит на возраст од 16 години, леџер го напушти училиштето за да ја следи својата глумечка кариера. Со Тревор ДиКарло неговиот најдобар пријател уште од 3 години замина со автомобил од Перт до Сиднеј, се врати во Перт и ја зеде малата улога во Clowning Around (1992) во првиот дел од дводелната телевизиска серија , и да работи на Тв серијата Слатко (1996) , во која толкуваше улога на геј велосипедист. Од 1993 до 1997, Леџер исто така имаше улоги и во Телевизиските серии во Перт како Бродови на брегот (1993) ,во краткотрајната фантазија-драма Роар(1997) на Фокс Емитувачката Компанија. Во Дома и на гости (1997) една од најуспешните Австралиски телевизиски серии., и во австралиски филм Црн Камен (1997) негово прво фолмско остварување. Во 1999, настапи во тинејџерската комедија 10 работи што ги мразам кај тебе и во реномираниот австралиски криминален филм Две Раце режиран од Грегор Џордан.
2000-та
Од 2000 до 2005, тој насртапи во спореднат улога како Габриел Мартин, најстариот син на Бенџамин Мартин (Мел Гибсон ) во Патриот (2000) и како Сони Гротовски син на Хенк Гротовски (Били Боб Торнтон) во Бал на чудовишта (2000) и во главна или водечка улога во Приказната за витезот (2001), Четири Пердуви (2002), Ред (2003), Нед Кели (2003), Казанова (2005), Браќата Грим (2005), и во Лордовите од Догтаун (2005). Во 2001 , тој доби Шо Вест Награда за Машка Ѕвезда на утрешнината.
Леџер доби награда најдобар глумец за 2005 и од двата, њујоршкиот круг на филмски критичари и Сан Франциско филмски круг на критичари за неговата изведба во Кршенгрб Планина во која го игра Енис Дел Мар ранчер од Вајоминг, кој има љубовна афера со надежниот родео јавач Џек Твист кој го игра Џејк Гиленхал. Тој исто доби и номинција за Златен Глобус за најдобар глумец на годината во драма и номнација од Академијата за филмска уметност Оскар за најдобар акте, правејќи го него на возраст од 26 годи за деветти најмалд кандидат за оскар. Во статија закритик за филм во Њујорк тајмс, критичарот Стивен Холден напиша И двајцата и г-дин Леџер и г-дин Гиленхал ја прават оваа болна љубовна приказна физички реална. Г-дин Леџер магично и мистериозно изчезнува под кожата на потребата, на мускулестиот карактер. Ова е прекрасна изведба, исто толку добра како на Марлон Брандо и Шон Пен. Во статија во Ролинг Стоунс, Питер Траверс изјавува Прекрасната изведба на Леџер е изведувачко чудо. Се чини како да излегува од внатре. Леџер не само што знае како Енис се движи, зборува или слуша, тој знае како тој дише. Да го гледаш како ја мириса кошулата на Џек во орманот е да се земе мерка за болка за изгубената љубов.
По Кршенгрб Планина, леџер настапуваше со колешката австралијанка Аби Корниш во австралискиот филм од 2006 Колаче. Во адаптација на новелата од 1998 Колаче Новела за љубовта и зависта , како млади зависници од хероин вљубени, обидувајќи се да се ослободат од својата зависност, со ментор кој го толкува Џефри Раш, за неговата изведба на поетот Ден Леџер беше номиниран за награда за најдобар глумец вклучувајќи и една од Австралиската награда од филмскиот круг на критичари , кај која и двајцата победија во своите категории. Кратко по издавањето на Колаче, Леџер беше повикан да им се придружи во Академијата за филмска уметност и науки.
Како еден од шесте глумци вклучени за изведбата на животот на Боб Дилан од различни аспекти во 2007 година филмот Не сум тука режиран од Тод Ј.Хајнес ја доби наградата за портретирањето на Роби (Кларк), нерасположениот, контра –култура глумец кој аја претставува романтичната страна на Дилан, но вели дека признанијата не се никогаш негова мотивација. Посмртно на 23 гевруари, тој ја подели наградата 2007 независниот дух на Роберт Алтман наградата со остатокот од филмскиот состав, неговиот режисер и кастинг директорот. Во неговиот следен до последен филм , Леџер го игра Џокер во Црниот Витез режиран од Кристофер Нолан, прват прикажан во Австралија на 16 јули 2008, блиску шест месеци по неговата смрт. Додека сè уште го снимаше филмот. Во Лондон Леџер изјави во интервјуто од Сара Лајал за Њујорк тајмс на 4 ноември 2007 година дека тој го гледа Џокер како психопат, масовен убиец, шизофреничен кловн со нула сочувство. За да се приготви за оваа улога, Леџер изјавила за Емпајар. Седев во Лондон во хотелска соба речиси еден месец, се затворав во себе, формирав мал дневник и експериментирав со гласови- беше особено важно да пронајдам ироничен глас и смеа. И завршив много повеќе во областа на психопат – некој со многу малку до никаква совест кон своите дела, и го повторува неговото гледиште на ликот како еден апсолутен социопат, ладнокрвен, масовен кловн убиец. Тој додаде дека Нолан му дал слобода тој да го создаде ликот како сака, и на него тоа му беше забавно, затоа што немаше вистински граници што би рекол Џокер а што не .Ништо не го засрсамува , и се една голема шега. За неговата работа на Црниот Витез, Леџер ја доби наградата Оскар за најдобра споредна машка улога , а во негово име ја прифати неговото семејство, како и многу други посмртно доделени награди вклуќувајќи го и Златен глобус за најдобра споредна маѓка улога што Кристофер Нолан ја прифати во негова чест.
Во времето на неговата смрт на 22 јануари 2008 година, Леџер го заврши околу половина од неговото снимање на улогата на Тони во Имагинариумот на Доктор Парнасу.
Режисерски дела
Леџер имаше голема желба да стане режисер и затоа имаше режирано неколку музички видеа, кои речисерот Тод Хејнс високо ги пофали и му оддаде почит на Леџер кога ја прифати наградата ИСП Роберт Алтман , што Леџер ја освои посмртно, на 23 февруари 2008 година.Во 2006 година Леџер режираше музички спотови за австралискиот хип-хоп изведувач Н’фа и неговото ЦД деби албумот “Предизвикува ефект“ и за синглот “ Заведувањето е Зло (Таа е жешка )“ Подоцна истата година, Леџер направи нова издавачка куќа Мас Мујузик со пејачот бен Харпер и исто така му го режираше спотот за песната “Утрински копнеж“.