Захариј Христов Зограф () — зограф, иконописец и писар од XIX век, претставник на Самоковската школа.

Животопис Роден е во 1810 г. во градот Самоков, Бугарија, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на иконописецот Христо Димитров и брат на Димитар Зограф. Захариј работел во првата половина на XIX век. Во 1841 г. се оженил со Катерина Хаџи Ѓурова. Починал од тифус на 14 јуни 1853 г. во родниот град. Гробот на Захариј се наоѓа во црквата „Св. Никола“.

Најраната потпишана икона од Захариј Зограф потекнува од 1829 г. кога имал 19 години.И. Гергова и др. Християнско изкуство в Националния археологически музей – София: каталог. С., 2012, № II.271 . Подоцна тој твори во црквите „Св. Никола Чудотворец“ во Кратово, „Св. Никола“ во Катуница (1834 - 1835), „Св. Константин и Елена“ (1836) и „Св. Петка“ во Пловдив (1837) и „Успение на пресв. Богородица“ во Копривштица (1837 - 1838), како и во Мулдавскиот (1837), Горноводенскиот (1838), Плаковскиот (1845), Долнобешовичкиот (1845), Преображенскиот (1851), Соколскиот и други манастири. Меѓу списокот на неговите дела се и значителен број на фрески — во црквата „Св. Богородица Рибна“ во Асеновград (1838), во Белештинскиот манастир (1839), во црквите на Бачковскиот манастир („Св. Никола“ од 1840 и „Св. Архангели“ од 1841), во главната црква на Рилскиот манастир (1844) и во црквите на Тројанскиот (1847 - 1848) и Преображенскиот манастир (1849). Во 1851 - 1852 г. заминал на Света Гора за 17 месеци, каде што ги живописал фреските на католиконот на манастирот Велика Лавра (1852) и ги насликал иконите во конакот на Зографскиот манастир (1853).Василиев, А. Стенописи на Захарий Зограф в светогорския манастир Лавра. – Известия на Института за изобразителни изкуства, 1, 1956, 33 – 94; Тодоров, Г. Три икони на Захарий Христович във Великата Лавра. – Изкуство/Art in Bulgaria, 43 – 44, 1997, 59 – 61; Енев, М. Захарий Зограф на Атон. С., 2010.

Неговите фрески од 1840, 1848 и 1849 г. вклучуваат и автопортрети. Својот автопортрет и портретот на Неофит Рилски (1838) денес се во Националната галерија на Бугарија, во која се чуваат негови цртежи и скици.Иванова, Б. Портретът през Българското възраждане, С., 2001, 13, 38 – 39. Вж. и Ждраков, З. Една новооткрита творба на Захарий Зограф. – Изкуство, 7, 1986, 46 – 48. Во писмата до својот поранешен учител Неофит Рилски, тој ја изразува својата желба да се образува во Уметничката академија во Санкт Петербург (1838).Огойска, М. (ред.) Междуписания: Захарий Хр. Зограф – Неофит П. П. Рилски. С., 2010, 141, 211.

Галерија

Наводи

Категорија:Бугарски зографи Категорија:Бугарски уметници Категорија:Родени во Самоков (Бугарија) Категорија:Починати во Самоков (Бугарија)