мини|десно|Фрагмент од ракописот Македонски глаголски листови познати и како Рилските глаголски листови се глаголски ракопис кој се сотои од осум фрагментирани листови пергамент и уште три фрагменти, кои биле дел од црковнословенска книга од 10ти век.

Историја лево|мини|Македонски глаголски листови пронајдени од Виктор Григорович во 1845 година. Првите два фрагменти биле откриени во Рилскиот манастир во 1845 година од рускиот историчар Виктор Григорович. Денес тие се чуваат во библиотеката на Руската академија на науките во Санкт Петербург. Подобро зачуваниот дел од ракописот бил објавен во 1909 година под името "Македонски глаголски лист" од рускиот историчар Григориј Илински.

Уште три листови биле откриени во Рилскиот манастир од чешкиот историчар Константин Јиречек во 1880. Во 1936, Јордан Иванов пронашол дополнителни фрагменти. Наодите на Јиречек и Јорданов сѐ уште се чуваат во Рилскиот манастир. мини|208x208пкс|Насловна страница од делото „Македонский глаголический листок. Отрывок глаголического текста Ефрема Сирина XI века“

Извори

Наводи

Категорија:Рилски манастир