„Елемент на злосторството“ (дански: Forbrydelsens element) — филм на режисерот Ларс фон Триер (Lars von Trier) од 1984 година. Триер е автор и на сценариото, заедно со Нилс Версел (Niels Vørsel). Главните улоги ги играат: Мајкл Ефлик (Michael Elphick), Езмонд Најт (Esmond Knight), Џеролд Велс (Jerold Wells), Ахмед Ел Шенави (Ahmed El Shenawi), Астрид Хенинг-Јенсен (Astrid Henning-Jensen) и Ме Ме Лаи (Me Me Lai).РТС, Елемент злочина (пристапено на 15.3.2024) Ова е првиот долгометражен филн на фон Триер и прв дел на трилогијата „ЕВропа“, позната и како трилогијата „Е“. На Канскиот филмски фестивал, филмот ја освоил Техничката голема награда, а ја освоил и престижната данска награда „Роберт“ во седум категории, вклучително и онаа за најдобар филм.HRT, Element zločina, danski film (пристапено на 17.5.2025)
Синопсис Британскиот детектив Фишер се наоѓа во Каиро, каде се обидува да се сети на својот последен случај во кој барал еден убиец. Во желбата да ги реконструира настаните, тој се служи со хипноза и тогаш му навираат сеќавањата на мрачната Европа и на познатиот „Лото убиец“, кој давел и осакатувал девојки кои продаваат лозови за лото. За да го открие убиецот, Фишер се служи со контроверзните методи од книгата „Елемент на злосторството“, дело на неговиот посрамен ментор Озбонн. Во книгата, Озборн опишува лов на еден човек кој убивал на истиот начин како „Лото убиецот“. Во истрагата му помага проститутката Ким која имала дете со „Лото убиецот“...
Наводи
Категорија:Дански филмови Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на арапски јазик Категорија:Филмови на Ларс фон Триер Категорија:Филмови со Мајкл Ефлик Категорија:Филмови со Езмонд Најт Категорија:Филмови со Ме Ме Лаи Категорија:Филмови со Џеролд Велс Категорија:Филмови со Ахмед Ел Шенави Категорија:Филмови со Астрид Хенинг-Јенсен Категорија:Филмови со Ларс фон Триер Категорија:Детективски филмови Категорија:Филм ноар Категорија:Трилери Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Каиро