Дервешани, Дервешен или Дервештани (, Инуса; до 1930 г. Δερβέσιανη, Дервесјани) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 497 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во јужното подножје на планината Сминица, во Серското Поле, околу 7 км источно од градот Сер, на надморска височина од 130 м.

Историја

Антика Во јужната падина на рид на околу 2-3 км северно од селото е откриена мала римска населба. На половина километар северно од Дервешани, ридот Власелник има рановизантиска крепост, додека на соседниот рид Бегово е откриена праисториска населба.

Среден век На 1,5 км северно од Дервешани и североисточно од Геди Дермен, на јужната вертикална страна на ридот Власелник во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ има средновековна фреска насликана на висина од 5,5 м на карпата. На неа е претставена Богородица со Младенецот. Јужно од селото се наоѓа средновековната црква „Св. Никола“, изградена во XIV век.

Селото се спомнува како Пресвена (Πρεβέσαινα) во 1346 година, Древесена (Δρεβέσαινα) во 1351 г. и Тревисина (Τρεβίσηνα) во 1357 г.

Во Отоманското Царство Во XIX век Дервешани било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Дервешан (Dérvechan) имало 12 домаќинства и 33 жители Роми и Черкези.

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 8 македонски домаќинства.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Дервешани имало 180 жители, сите Македонци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Дервешани броело 80 жители, но во 1920 г. тие се намалиле на 44 лица. Во 1930 г. селото е преименувано во Инуса (Οινούσσα). Никогаш не биле сместени бегалци, меѓутоа почнале да се доселуваат грчки семејства од Субашќој и Везник, така што станало мешана населба. Во 1960-тите се доселиле и семејства од планинското село Лески.

Стопанство Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Поради поволните услови за сточарење, внимание му се посветува и на сточарството.

Население

Самоуправа и полтиика Во 1970 година, селото станало седиште на општина поради намалувањето на жители на соседното Лески. Општината Дервешани била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дервешани, во кој влегува и селото Лески.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта

Власелник — крепост од античко и средновековно време

Цркви

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Црква „Св. Никола“ — изградена во XIV век Други Дервешанско училиште — прогласено за споменик на културата

Наводи

Категорија:Сер (општина)