Велиште или Вилиште — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало околу 3 км североисточно од градот Сер, во подножјето на планината Шарлија.

Историја Селото постоело во средниот век, но било уништено по доаѓањето на Османлиите во XIV век. Според месното предание, преживеало само семејството Заревци, кое се скрило во длабок дол каде го основале селото Лакос. Во подножјето на Велишка карпа (546 м) се наоѓаат остатоците на црквата „Св. Костадин“ и од старите селски гробишта. Сувото корито, кое минува низ селото, се нарекува Велишко Дере.

Наводи

Категорија:Историски села во Сер Категорија:Шарлија