Сал Маала (, Константинато; до 1927 г. Σαλ Μαχαλάς, Сал Махалас) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од градот Сер и во непосредна близина на Киспикеси.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век и почетокот на XX век Сал Маала било чисто македонско село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сал Мала (Salmala) има 8 домаќинства на 29 жители Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сал Маала (Салъ Махала) броела 210 жители, сите Македонци-христијани.
На почетокот на XX век населението било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Сал-Махала (Sal-Mahala) се состоело од 272 Македонци патријаршисти.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 110 жители, а во 1920 г. се смалило на 78 лица. Сето население под притисок на властите се иселило во Бугарија, а на нивно место во 1924 г. се доведени грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Константинато, но промената официјално стапила на сила следна 1927 г. Пописот од 1928 г. ја претставува Сал Маала како чисто дојденска населба со 233 жители (57 семејства).
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Пантелејмон“
Наводи
Категорија:Сер (општина)