1682  Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. 1889  Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. 1937  Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. 1991  Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. 1994  Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. 1994  Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. 2007  Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.

6 мај