Мрамор (, Капетануди; до 1926 г. Μαραμόρ, Мрамор) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територија на денешната општина Сер на Серскиот Округ, Грција. Традиционално било населено со Турци.

Географија Селото се наоѓа на јужните падини на планината Шарлија, северозападно од Сер и југозападно од Мертатово.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Мрамор било чисто турско село во Серската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во селото (Mramor) имало 75 домаќинства со 195 жители Турци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 во Мраморъ имало 300 жители Турци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото веројатно настрадало во војните бидејќи во 1913 г. е попишано со само 35 жители. Во 1920 г. жителите се вратиле, и населението пораснало на 149 лица.

Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место дошле 20-тина семејства кои не биле грчки колонисти, туку веројатно сточари. Во 1928 г. Мрамор имал 79 жители, а во 1940 г. во него се попишани 78 лица.

Селото настрадало за време на Втората светска или Граѓанската војна и потоа е отпишано.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Сер Категорија:Шарлија