Пулево (познато и како Пулово или Пуљово; , Термопиги; до 1926 г. Πούλιοβο, Пуљово) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 122 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, на 7 км северно од градот Валовишта, во подножјето на Сенгелска Планина, на надморска височина од 110 м. Непосредно до селото се наоѓа манастирот „Св. Варвара“, во кој има топол извор.

Историја Среден век На 3 км северозападно од селото се наоѓаат урнатините од средновековната одбранбена тврдина Зандан која го чувала приодот кон овој крај, особено приодот кон Рупелската Клисура.

Во Отоманското Царство Во отомански регистар на вилаетот Тимур Хисар од 1464-1465 година селото е наведено под името Пулево со 10 муслимански и 12 христијански домаќинства, како и 3 неженети и 3 вдовици.

Во XIX век Пулево било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Пулево чифлик (Poulevo-tchiflik) имало 45 домаќинства и 140 жители Македонци.

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Пулево имало 280 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пулево имало 182 Македонци под врховенство на егзархијата.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 53 жители, но поради Првата светска војна во 1920 г. не се спомнува како населба.

Под притисок од грчките власти, во 1923 година, дел од домородното население се иселило, а на нивно место се населиле 18 бегалски семејства (вкупно 86 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1926 година, името на селото било променето во Термопиги (Θερμοπηγή), што значи „топли бањи“.

Стопанство Населението одгледува жито, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството и краварството.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Герман, Елешница и Инанли.

Културни и природни знаменитости Манастири Манастир „Св. Варвара“ — женски манастир кај селото

Археолошки наоѓалишта Ески Хисар — одбранбена тврдина од антиката и средниот век Зандан — одбранбена тврдина од средниот век

Поврзано

Пулово — поранешно село во Драмско

Наводи

Категорија:Синтика