Софи Мишел Елис-Бекстор (англиски: Sophie Michelle Ellis-Bextor; родена на 10 април 1979) ― англиска пејачка и текстописец. Кариерата ја започнала кон крајот на 1990-ти како фронтмен на инди-рок групата Theaudience. По распаѓањето на групата, Елис-Бекстор започнала успешна соло-кариера. Жанровски нејзината музика е мешавина од поп, диско, ну-диско и електронска музика од 1980-тите.

Во 2000 година, Елис-Бекстор соработувала со италијанскиот диџеј Спилер за песната „Groovejet (If This Ain't Love)“, која се искачила на прво место на топ-листата во Обединетото Кралство и во 2015 година станала најпродаван винил-сингл во ОК во овој милениум досега. На нејзиниот прв соло-албум, Read My Lips, објавен во 2001 година, се наоѓа песната „Murder on the Dancefloor" која била најслушана песна во Европа за 2002 година.

Кариера

1996–99: Theaudience Софи Елис-Бекстор својата професионална музичка кариера ја започнала во 1996 година како фронтмен на инди групатаTheaudience. Групата објавила четири сингла и еден албум ( theaudience (1998)). Додека била во Theaudience, во анкета на читателите на Melody Maker Елис-Бекстор била изгласана на петто место на списокот на „најсекси луѓе во рокот“.

Групата се распаднала во 1999 година, откако откако претходно нивната издавачка куќа Mercury Records ги отфрлила демо-снимките за планираниот втор албум и потоа се откажала од групата.

2000–2006: Read My Lips и Shoot from the Hip десно|мини| Елис-Бекстор во 2005 година По распаѓањето на Theaudience, во 2000 година Елис-Бекстор соработувала со италијанскиот диџеј Спилер и пеела на неговата песна „Groovejet (If This Ain't Love)“. Песната дебитирала на прво место на топ-листата во Велика Британија, истиснувајќи ја оттаму првата соло-песна на поранешната пејачка од Spice Girl, Викторија Бекам. Песната „Groovejet“ се искачила на прво место на многу други топ-листи, а Melody Maker ја прогласил за сингл на годината. Во 2000 година, била финалист за „Запис на годината“ . Истата година, ги освоила наградите „Најдобар сингл“ и „Најдобра Ибица мелодија“ на Ericsson Muzik наградите.

Потоа, Елис-Бекстор успеала да изгради успешна соло-кариера. Во 2001 година го издала нејзиниот прв албум, Read My Lips кој се искачил на второ место на топ листите во Обединетото Кралство. За албумот соработувала со многу музички великани како: американскиот музичар Моби, басистот од Blur Алекс Џејмс и поранешниот пејач од New Radicals, Грег Александар. Албумот бил пофален од критичарите и од него произлегле четири хит-песни. Со нејзиниот прв сингл Take Me Home (2001) - преработка на истоимената песна од Шер од 1979 година - таа се искачила на второ место на британската топ-листи. Таа, исто така, стигнала до второ и трето место на топ-листите во ОК со двата следни сингла Murder on the Dancefloor и Get over You. Murder on the Dancefloor, исто така, станал меѓународен хит во 2002 година и била најсвирена песна во Европа во 2002 година. Во 2002 година го објавила четвртиот сингл, Music Gets the Best of Me, кој стигнал до 14 место на топ-листата за синглови во ОК. Во исто време, Елис-Бекстор ја започна нејзината прва турнеја. На почетокот од 2002 година, на Британските музички награди Елис-Бекстор била номинирана за наградата „Британска соло-пејачка“, за што била номинирана и во следните две години.

Нејзиниот втор албум, Shoot from the Hip, бил издаден во октомври 2003 година. И покрај добрите критики, Елис-Бекстор не можела да го повтори успехот од нејзиниот прв албум. Сепак, двата сингла Mixed Up World и I Won't Change You се пласирале во топ-10 на британската топ-листа. Откако останала бремена, одлучила да се повлече од промоцијата на албумо.

2007–2011: Trip the Light Fantastic и Make a Scene мини| Елис-Бекстор настапува во лондонскиот клуб G-A-Y во 2007 година Trip the Light Fantastic, третиот албум од Елис-Бекстор, бил издаден во мај 2007 година и се искачил на 7-мо место на топ-листата за албуми во ОК. Од албумот биле објавени три сингла: „Catch You “ (8-мо место во ОК), „Me and My Imagination“ (23-то место) и „Today the Sun's on Us“ (64-то место). Песната „If I Can't Dance“ била најавена како сингл, но подоцна била повлечена.

Елис-Бекстор го поддржала Џорџ Мајкл на неговата турнеја во Велика Британија во јуни 2007 година. Нејзината сопствена турнеја во Велика Британија, Trip the Light Fantastic Tour, требало да започне во август 2007 година, но била одложена откако Елис-Бекстор била поканета да биде „специјален гостин“ на турнејата од Take That, Beautiful World Tour, која започнала во октомври. 2007. Нејзината турнеја ја презакажала за март 2008 година. Турнејата не започнала, а Елис-Бекстор одбила да разговара за ова прашање во интервјуата."Isn't she lovely", Noozhumurry, J, The London Paper, 18 September 2008

Четвртиот албум на пејачката, Make a Scene, бил издаден во јуни 2011 година по едногодишно одложување при што таа ја напуштила нејзината дотогашна издавачка куќа Universal Music Group и основала своја, EBGBs. Бо јули 2010 година ги поддржала Pet Shop Boys на концертите во Обединетото Кралство од нивната турнеја Pandemonium. Синглот „Starlight“ бил издаден во ОК пред објавувањето на албумот, односно во мај 2011 година.

2012–2014: Wanderlust и соработки десно|мини| Елис-Бекстор на настап во 2013 година Во мај 2011 година, таа изјавила дека започнала да работи на нејзиниот петти албум.My Day on a Plate: Sophie Ellis-Bextor The Daily Telegraph. 1 May 2011 Елис-Бекстор го потврдила комплетирањето на албумот во мај 2013 година и го открила неговиот наслов, Wanderlust.

„Young Blood“ бил издаден како водечки сингл од Wanderlust во ноември 2013 година. Албумот бил објавен во јануари 2014 година и се искачил на четврто место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и на прво место на топ-листата за инди-албуми во Обединетото Кралство. Елис-Бекстор потоа најавила турнеја во Велика Британија со 10 концерти, која завршила во Глазгов во април 2014 година.

Елис-Бекстор соработувала со Guéna LG и Amir Afargan на песната „Back 2 Paradise“, која била објавена во јуни 2014 година. Елис-Бекстор потоа пеела во песната „Only Child“, продуцирана од електронскиот музички проект DedRekoning, а која била објавена во септември 2014 година.

2015–2019: Familia и The Song Diaries мини| Елис-Бекстор настапува на White Party во Бангкок, Тајланд во 2017 година Во јануари 2015 година, Елис-Бекстор преку Инстаграм објавила дека почнала да работи на нејзиниот шести студиски албум. Албумот Familia бил објавен во септември 2016 година и стигнал до 12-то место на топ-листата за албуми во Велика Британија. По одморот кој го зела поради раѓањето на нејзиното дете кон крајот на 2015 година, таа ја продолжила турнејата за поддршка на албумот во 2017 година, претежно во мали концертни сали во ОК.

Во ноември 2017 година, преку Фејсбук објавила избор од нејзините најголеми хитови преработени со оркестар. Во февруари 2018 година, таа го објавила насловот на албумот, The Song Diaries, и истакнала дека ќе се состои од преснимени песни кои ја опфаќаат нејзината кариера од theaudience до „Wild Forever“ од албумот Familia и една нова песна. Првиот сингл од The Song Diaries „Love Is You“, диско-песна оригинално изведена од Керол Вилијамс, семплована на песната Groovejet, бил објавен во август 2018 година. The Song Diaries бил објавен во март 2019 година и се искачил на 14-то место во ОК.

2020–2023: Songs from the Kitchen Disco Во 2020 година, за време на КОВИД-19 пандемијата, Елис-Бекстор на Инстаграм одржувала неделни концерти наречени „Кујна диско“ кои биле емитувани во живо од нејзината кујна. На 24 јуни 2020 година, Елис-Бекстор започнала неделен подкаст под наслов Spinning Plates со Софи Елис-Бекстор на кој интервјуила вработени мајки.

На 16 јули 2020 година, Елис-Бекстор го објавила албумот со најголеми хитови Songs from the Kitchen Disco. На албумот му претходело објавување на сингл, „Crying at the Discoteque“, преработена верзија на песната од Alcazar. Во март 2022 година, ја започнала турнејата „Songs from the Kitchen Disco“ во Обединетото Кралство. Во јули 2022 година, пејачката објавила нов сингл, „Hypnotized“, во соработка со електро-музичарот Wuh Oh.

Во ноември 2022 година бил издаден албум во живо под наслов Kitchen Disco – Live at London Palladium .

2023-денес: Hana и новостекната популарност со Солтбурн На 8 февруари 2023 година, Бекстор објавила нова песна, „Breaking the Circle“, водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум, Hana, кој бил објавен на 2 јуни 2023 година. Насловот на албумот е преземен од јапонскиот збор за „цут“ или „цвет“. Елис-Бекстор рекла дека албумот е инспириран од патувањето во Јапонија, направено пред почетокот на пандемијата СОВИД-19.

Песната од Елис-Бекстор „Murder on the Dancefloor“ може да се слушне во последната сцена од филмот Солтбурн од 2023 година. Како резултат на тоа, песната повторно се нашла на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство каде се искачила на второ место и стекнала најмногу преноси досега на Spotify; на новогодишната ноќ била добила над 1,4 милиони стримови. Со ова Елис-Бекстор за прв се пласирала на американската топ-листа за синглови, каде стигнала до 51 место.

По новостекнатата популарност со „Murder on the Dancefloor“, Елис-Бекстор наводно потпишала договор со Universal Music Group и работи на нов албум.

Личен живот Елис-Бекстор го запознала нејзиниот иден сопруг, басистот на The Feeling, Ричард Џонс, кога тој бил на аудиција за нејзината турнеја на турнеја во 2002 година. Нивното прво дете се родило два месеци предвреме, по само осум месеци откако тие ја започнале нивната врска. Тие се венчале во 2005 година. Имаат пет деца, сите машки.

Елис-Бекстор страдала од прееклампсија за време на нејзините први две бремености, што резултирало со предвремени породувања. Таа е амбасадор на Борн, добротворна организација за медицински истражувања за причините за предвремено породување. Таа е исто така амбасадор на детската добротворна организација Лумос која се залага за ставање крај на институционализацијата на децата ширум светот.

Дискографија Студиски албуми

Read My Lips (2001) Shoot from the Hip (2003) Trip the Light Fantastic (2007) Make a Scene (2011) Wanderlust (2014) Familia (2016) Hana (2023) Perimenopop (2025)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Англиски денс музичари Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Мемоаристи Категорија:Диско-музичари Категорија:Британски диџеи Категорија:Пејачи од Лондон